Бременост

13 бенефити на природното пораѓање!

бебе во раце по породување

Можеби ви изледа дека епидуралните анестезии, окситоцинот и инфузии се веќе стандардни за сите мајки, додека пак природното породување е некоја тајна која ја знаат само некои мајки кои природно се породиле. Тука ќе наведеме 13 причини зошто природното породување може да е добро за вас и вашето бебе, и тоа повеќе отколку што можете да си замислите.

 

  • Слобода за време на пораѓањето

 

пораѓање, природно пораѓање

 

Кога вие сте под дејство на епидурална анестезија, инфузии или пак апарат за мониторирање на фетусот, тоа значи дека сте заглавени во креветот, без можност да одите и да ја промените вашата позиција кога тоа ќе ви биде потребно. Многу мајки забораваат дека по давањето на епидуралната анестезија им става катетер, така што нема да можете да појдете во тоалет.

Природното породување ќе ви овозможи послободно движење, и поголема способност на вашето тело да соработува при пораѓањето. На тој начин се олеснува породувањето а и се забрзува. Жените кои ја имаат слободата да ја променат положбата и кои можат да одат, доживуваат зголемена удобност и е поверојатно дека ќе се породат вагинално. Но најважно имаат подобар осет, а со тоа и подобра контрола на целото искуство.

  • Можно е да избегнете цела низа на интервенции


епидурална анестезија

 

Секоја непотребна интервенција, може да доведе до повеќе интервенции, вклучително и царски рез. Кога процесот на породување ќе започне сам и така и ќе продолжи во свое време, помалку веројатно е дека ќе бидат потребни дополнителни интервенции.

На пример, ако имате епидурална анестезија, тоа ќе го забави процесот на породување, па вашиот доктор ќе биде присилен да употреби и окситоцин за да ги “подбутне” работите нанапред. Исто така окситоцинот може да предизвика и интензивни и чести контракции кои им не дозволуваат ниту на мајката ниту на бебето да се одморат, што може да доведе до редуциран доток на кислород. Ако бебето при овој дел премногу се мачи, докторите ќе препорачаат царски рез.

 

  • Избегнете го царскиот рез


царски рез, лузна од царски рез

 

Едноставно со планирањето на вашето природно породување со обучен персонал значително ви се намалува ризикот за да биде превземен царски рез.

Постојат студии кои испитувале дали епидуралната анестезија води до зголемен ризик за примена на царски рез, но се без цврсти заклучоци. Треба да се има во предвид дека овие студии сепак ја споредуваат епидуралната анестезија со наркотици кои ја намалуваат болката, наместо со породување во кое не се дадени никакви медикаменти. Сепак она што е сигурно познато, е дека епидуралната анестезија прави зголемени шанси за употреба на “вилушки” или вакуум како алатки за помош при породувањето, кои пак се надоврзуваат до повисоки шанси за царски рез.

 

  • Пократко, полесно породување


мајка и бебе, породување

 

При природното породување окситоцинот и сигнализира на матката да започнат контракциите, а му сигнализира и на мозокот да започне со ослободувањето на ендорфините – кои се природен анестетик. Исто така самиот окситоцин, сигнализира да се ослободи уште повеќе окситоцин кој ќе ја достигне својата најголема концентрација за време на буткањето.

Епидуралната анестезија го попречува функционирањето на нормалната хормонска каскада и може значајно да го забави процесот на породување. А потоа повторно се препорачува употреба на окситоцин за да се забрза процесот.

 

  • Побезбедно за бебето


бебе во рака

 

Епидуралната анестезија предизвикува и нагол пад на крвниот притисок со што се намалува дотокот на крв а со тоа и пониска достапност на кислород за бебето.Ова може да предизвика стрес кај бебето што ќе ги примора докторите да применат царски рез.

По епидуралната анестезија, бебињата се со помала раздвиженост, помала ориентација, и по неорганизирани движења до цел месец по породувањето. Вашето тело и плацента му помагаат на бебето да ги отстрани токсините додека е во матката. Сепак, од моментот кога ќе се роди, бебето ќе се потпира само на сопствениот црн дроб за таа задача, што значи ќе биде потребно подолго време за бебињата да ги исфрлат медикаментите од своето тело.

Исто така употребата на некои наркотични анестетици можат да предизвикаат дополнителни несакани ефекти како:

  • Депресија на централниот нервен систем
  • Респираторна депресија
  • Намалено рано доење
  • Променето невролошко однесување
  • Намалена способност за регулација на температурата на сопственото тело.

Поради овие нескани ефекти, можно е да бидат препорачани и некои други медикаменти за вашето бебе.

 

  • Вие ќе бидете свесни на сопственото породување

 

породување

 

Наркотичните анестетици, ги прават мајката и бебето да се “гроги” и без многу свест. Ако се одлучите да поминетее и без овие медикаменти, вие ќе бидете присутни и свесни при породувањето на вашето бебе. Дури и епидуралната анестезија може да направи да се почувствувате неповрзани со вашето дете, а на некои мајки ќе мора да им се кажува кога треба да се напнат и да буткаат бидејќи едноставно тие веќе не чувствуваат ништо.

Кога не сте под дејство на медикаменти пак, од друга страна, процесот ќе бара од вас целосно внимание. Некои жени тоа го опишуваат како искуство од некој друг свет, бидејќи ја имаат онаа емоционална врска која се создава за време на породувањето. Со приливот на природните ендорфини, некои жени тврдат и дека “уживаат” да се породуваат, отколку само да страдаат поради тоа.

 

  • Природното породување ви дава моќ


породување болки

 

Природното породување е нешто што се смета како ритуал по кој вие ќе имате шанса да бидете член на огромниот клуб на мајки, од целиот свет. Некои велат дека пред породувањето се сеуште моми, додека конечно по породувањето стануваат жени. Природниот начин на породување ги охрабрува жените да ги превземат работите во свои раце, да направат избор за себе и за нивното дете без чувство на присилување, вина или исмевање. Жените со тоа се охрабруваат и се здобиваат со моќ.

 

  • Подобро доење веднаш по породувањето


доење бебе и мајка

 

Поспаното бебе нема да се дои многу добро. А што помалку јаде, толку станува по-поспано, и повторно пократко ќе трае доењето. На овој начин веднаш ставате пречки на вашата емоционална врска со бебето. Оскитоцинот исто така може да предизвика жолтица, што исто така ги прави бебињата летаргични и поспани. Истото важи и за наркотичните анестетици и епидуралната анестезија.

Ако мајката и бебето се поспани по пораѓањето, првото доење ќе биде одложено за покасно. Исто така поспаноста ќе влијае на рефлексите на бебето, односно ќе биде намалена способноста да цица и да голта, а и дишењето може да биде ирегуларлно.

Токму затоа првите минути и часови по породувањето се круцијални за воспоставување на таа емоциноална врска преку доењето.

 

  • Побрзо опоравување


пред породување

 

Без “замагленоста” од сите медикаменти и без повредите од хируршкиот зафат, мајките кои природно се породуваат се опоравуваат многу побрзо и се ментално по присутни веднаш по породувањето. Окситоцинската каскада која се зајакнува по породувањето им дава дополнителна енергија на мајките за да се галкаат и гушкаат со своите бебиња и да започнат со допирот кожа на кожа, кое ги стимулира бебињата да ги отворат своите очи, што пак на мајките повторно им го зголемува окситоцинот. Многу од мајките за кратко време по природното породување веќе можат да одат.

 

  • Природното породување ја подобрува нормалната цревна флора кај бебето


мајка и дете после породување

 

Бактериите од цревната флора играат важна улога во градењето на здрав имун систем и правилно варење на храната. Вагинално породените бебиња имаат поразновидна цревна флора која ја добиваат веќе при процесот на породување.

Истражувањата континуирано покажуваат дека децата кои се родени со царски рез имаат помалку разновидна цревна флора и е поверојатно дека ќе имаат штетни бактерии на кожата како филококи и стрептококи. Ова се должи на тоа што бебињата кои се породени со царски рез не доаѓаат во контакт со вагиналната флора и првите бактерии кои ќе се населат во нивната флора се всушност од операционата сала или пак кожата на мајката или на некој од персоналот.

Доењето е секако исто важно за развивањето на здрава цревна флора кај детето, така што доењето е уште поважно ако детето е породено со царски рез.

  • Намален ризик од болести во поголема возраст


бебе со сини очи

 

Како што спомнавме добрата цревна флора е добра за општото здравје на бебето. Оваа првична цревна флора понатаму има долгорочно влијание со тоа што “го тренира” имуниот систем што да нападне а што да остане недопрено, што значи автоимунитетот “се учи” многу рано во животот.

Истражувањата од Бритиш Медикал Џурнал откриваат дека бебињата породени со царски рез е поверојатно да развијат астма, гојазност и тип 1 дијабетес подоцна во животот.

Иако за останатите работи не постои директна врска со царскиот рез, сепак нездрава цревна флора е поврзана со зголемена шанса за појава на алергии, автоимуни и васкуларни заболувања, некои канцери, депресија/анксиозност, невродегенеративни болести и тип 2 дијабетес, па затоа има логика да ако вашете дете се здобие со нездрава цревна флора при породувањето да биде со зголемен ризик за овие болести во понатамошниот живот.

Но не е се загубено за децата кои се родени со царски рез. Сепак овие процедури можат да спасат животи, а во 10% од случаите се единствениот избор.

 

  • Подобар мозочен развиток

 

детски развој

 

Тим на истражувачи согледале дека природното породување предизвикува ослободување на еден протеин од мозокот на новороденото кој помага во развивањето на мозокот кај возрасните. Протеинот UCP2, кој ги регулира однесувањата поврзани со меморија, учење, просторна свесност и реакција при стрес, се ослободува во хипокампусот, а се стимулира при преминот од породилниот канал. Споредено со тоа, децата родени со царски рез имаат помала количина од овој протеин.

Друг бенефит е што овој протеин учествува во мобилизацијата на клеточните масти, кои се главна компонента на мајчиното млеко, што сугерира дека стимулирањето на создавање на  UCP2 протеинот преку вагиналниот канал може да им помогне на новороденчињата во транзицијата кон доењето.

 

  • Подобри моторни и социјални способности


детски развој

 

Оние мајки кои ќе се согласат на задоцнето пресекување на папочната врвка им овозможуваат на своите деца повеќе бенефити. Тие ќе имаат намалени потреби од крвна трансфузија и намален ризик од стекнување анемија или низок крвен притисок. Но освен овие постојат и некои изненадувачки бенефити од природното породување.

Една студија вели бебињата на кои подоцна им е пресечена папочната врвка имаат подобри моторни способности и социјални вештити на 4 годишна возраст отколку оние кај кои веднаш била пресечена папочната врвка. Посебно овој ефект бил забележан кај момчињата.

 

Референци:

http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3110651/

http://sciencenordic.com/giant-study-links-c-sections-chronic-disorders

http://journals.plos.org/plosone/article?id=10.1371/journal.pone.0042911

http://archpedi.jamanetwork.com/article.aspx?articleid=2296145

http://www.huffingtonpost.com/2014/08/29/doula-benefits_n_5730720.html

http://americanpregnancy.org/labor-and-birth/narcotics/

http://www.drweil.com/drw/u/ART03126/Newborn-Janudice.html

http://www.llli.org/docs/lad/ChildbirthandBreastfeeding.pdf

http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC1948086/

http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC1595040/

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *