Психологија

6 работи кои им се заеднички на најсреќните фамилии!

6 работи кои им се заеднички на најсреќните фамилии!

Фамилијарниот живот знае да биде хаотичен. Најчесто сите го тераме чекор по чекор и се надеваме дека се ќе биде најдобро.

Можеби и сеуште не сте започнале свое семејство, но кога тоа ќе го направите сакате да го направите како што треба.

Дали навистина има одговори на прашањето што точно го прави едно семејство среќно? Одговори има!

Брус Фајлер, автор на “Тајните на среќните фамилии”, пишува дека одговорите, да, постојат! – но тоа не баш таму од каде што сме очекувале да ги добиеме.

Тој наишол на решенија на на некои фамилијарни проблеми преку техниките на бизнис теорија, преку преговарачките техники од Харвард и преку разговорите со специјалните едниници на војската.

Оттука ќе научите:

  1. Најдобриот индикатор за емоционалната состојба на вашето дете.
  2. Најдобриот индикатор за нивните академски постигнувања – и за поблемите во однесувањата.
  3. И едноставната работа која ќе ги држи вашите деца понастрана од проблемите, а ќе ги бутка кон подобри отценки, и ќе ја подобри нивната самодоверба.

 

Создајте мисија на вашето семејство

Брус препорачува:

“Оддвојте малку време за да позборувате што тоа значи да се биде дел од семејството”.

Прашајте “Од каде доаѓаат нашите семејни вредности”. Или пак од бизнис аспект: Развојте мисија на Вашето семејство.

“Иницирајте разговор за тоа што значи да се биде дел од семејството. Седнете со останатите членови и кажете – Во ред ова се нашите 10 централни вредности”. Ова е она што сакаме нашето семејство да биде. Ние сакаме семејство кое не се кара цело време, или ние сакаме да бидеме семејство кое оди на кампувања, или што и да посакате тоа да биде.

Кога еднаш ќе го направите тоа, вашето семејство ќе се трансформира. Ние дури и го испринтавме тоа на картон и го закачивме во терпезаријата.

Дали тоа ви звучи премногу големо и застрашувачки? Тоа не е ништо освен дефинирање на одредени цели.

Не е поентата ова да се прави секој ден, или недела, или месец… Поентата е да се направи еднаш и притоа да стои отворено, пред сите. “Ние сакаме да бидеме семејство кое се забавува заедно” – Тогаш дали сме направиле некоја активност каде заедно си играме во последно време? Не?? Тогаш ајде на си направиме место во распоредот и за тоа. Ајде да одиме на игралиште или на возење велосипед.

Ако веќе имате ваши поставени цели за вашата работа, за кариерата, зошто би немале и за Вашето семејство?

Друга работа која Брус исто така ја советува е да посветите малку време и на минатото.

 

Споделете ја историјата на Вашето семејство.

Истржувањата покажале дека најдобриот индикатор за емоционалното здравје на вашето дете е дали тоа ја познава историјата на своето семејство или не.

Брус вели:

Истажувачите во Емори ја направиле оваа студија која покажува дека децата кои знаеле повеќе за историјата на своето семејство со поголема доверба искажале дека веруваат дека можат да го контролираат својот свет и своите постапки.

Но она што се издвојува од овој заклучок, не е дека само треба да им кажеме на децата “Еј, нашето смејство е супер”. Туку клучот е прераскажување на предизвиците и тешките моменти со кои се соочило семејството.

Повторно Брус:

Кога ќе разберат дека сите луѓе имаат свои среќни моменти, но и свои падови, им дава на знаење на децата дека и тие во својот живот ќе имаат исто така, и среќни моменти и падови. Тоа им дава самодоверба дека, кога и да се соочат со некој негативен момент во својот живот, ќе можат да го надминат. На овој начин им давате идол кој ги покажува семејните вредности во пракса.

Но сето ова можеби ви изгледа премногу… многу зборување. Како сето ова да се постигне? Каде да се најде време?

 

Одржувајте неделни фамилијарни состаноци

 

Вие повеќе не сте мама или тато. Вие сте директорот. Со цел вели да го подобрите вашето семејство, Брус се освртел на светот на бизнисот.

Вашето семејство треба да одржува неделни состаноци со сите членови на бордот присутни. Можеби ви звучи премногу ладно, но не е така.

Воопшто не е комплицирано и потребни се само 20 минути.

Брус вели:

Ние всушност си поставуваме само 3 основни прашања. Што беше добро претходната недела, што не беше, и на што ќе се согласиме да се фокусираме наредната недела.

Ако сите сме успеале да ја постигнеме целта, си даваме некоја награда. А ако не, сите ќе си одбереме некоја казна, но тоа мора да го направиме сите согласно.

Најважното од се ова е што преку мисијата, споделувањето на историјата на семејството, вие постојано сте во комуникација со вашето семејство. Но еден додаден ефект, кога многу се разговара, е и појавата на караниците. Тоа е сосема нормално и природно. И тоа е во ред.

Но кој е правилниот начин да се расправате?

 

Како да се расправаш правилно

Брус сакал да го најде најдобриот начин за да ги разреши расправиите, па затоа се обратил кај професионалец. Били Ури е основачот на проектот “Преговарање” на Правниот Факултет на Харвард, а воедно и автор на “Патот до Да!”

Што всушност можете да научите од него за решавање на секојдневните расправии. Брус вели има 3 битни чекори:

Прво, “Одделете ги сите”. Од аспект на преговарање, ова значи “Појдете до балконот”. Замислете си ја расправијата како да е поставена на сцена, а вие сте на балконот и велите “Ок. Што всушност се случува сега?” Ова ги намалува тензиите.

Второ, ги прашуваме нашите деца да изнајдат 3 алтернативни решенија. Од аспект на преговарање ова значи “Направете на питата поголема, пред да ја поделите”.

Но Брус признава дека овој дел е малку проблематичен. Едноставно мора да се осигурате дека никој нема да замине од преговорите се додека не се изнајдат 3 алтернативни решенија.

А третиот чекор е да ги “Соедините сите повторно”. Или од аспект на преговарање тоа значи, “изградете го златниот мост до иднината”.

Оставете ги вашите деца сами да си одберат едно од 3те решенија кое најмногу им се допаѓа. Важното нешто да се согледа овде е дека децата самите си ги пронаоѓаат решенијата и самите преговараат и се согласуваат кое ќе биде најдоброто.

Немојте вие да бидете диктатор кој само ќе им наредува на вашите деца, оставете ги самите да си ги пронајдат и одберат решенијата.

Неделните состаноци се сосема во ред, но тоа е долго време помеѓу двата состаноци. Пронајдете време да се гледате со семојството секој ден.

 

Имајте заеднички ручек или вечера… било кое време од денот

Истражувањата покажуваат дека семејството кое руча или вечера заедно прави огромна разлика за состојбата на децата.

Брус пишува во својата книга:

Истражувањата покажале дека, оние деца кои доаѓаат од семејства каде редовно заедно седнуваат на маса, се со помал ризик да пијат, да пушат, да станат трудни рано, или пак да развијат некои други нездрави навики.

Исто така овие деца имаат побогат речник, подобри манири, поздрави навики за исхрана, и повисока самодоверба. Една од најголемите студии направени на оваа тема од Универзитетот на Мичиген потврдува дека децата кои поминале повеќе време на заеничка вечера со семејството покажале подобар успех на акамеското поле, и имале помалку проблеми во однесувањето.

Сигурно велите дека немате време, нашиот распоред е пренатрупан за да имаме вечера секој ден. И тоа е во ред. Клучното нешто овде не тоа да биде “вечера”, туку некое време поминато заедно, што и де а тоа. Дури немора да биде ни многу време. Времето кое би го поминале и во разговор за време на вечерата? – 10 минути.

Она што е важно е како ќе ги искористите тие 10 минути.

Брус вели:

Нешто што мора да приметите е дека 2/3 од тоа време најчесто зборуваат родителите, а тоа е проблем. Поставете си ја целта да ја свртите пропорцијата. Оставете ги децата да зборуваат повеќе.

Второ, мислам дека би било добро да искористите малку време од овие 10 минути да го научите вашето дете еден нов збор секој нов ден. Постојат огромни докази кои кои тврдат дека еден од најдобрите предуслови за успех во училиште е обемот на речникот на вашето дете.

Дали сето ова со: мисија на семејството, состаноци, вечери, правилно расправање ви изгледа премногу за паметење? Како да успеете да го направите сето ова.

 

Само обидете се

 

Прашајте било кого дали сакаат нивното семејство да е посреќно, и скоро секој ќе одговори потврдно.

Но прашајте ги истите луѓе колку тие активно се трудат да ја постигнат таа цел на месечно ниво и сигурно првото нешто што ќе го чуете е “Хммммм…”.

Да прочитате што би го направило вашето семејство е лесно, но вториот чекор е малку потежок: Да се обидете!

Брус:

Сите ние знаеме дека доколку сакаме да ја подобриме нашата кариера, мораме да работиме на тоа. А сепак не го правиме истото за семејниот живот. Бидејќи си велиме “На крајот од денот, тоа пак ќе биде тука. И секогаш ќе биде стресно, И секогаш тоа само ќе се реши”. Сепак не!

Ако навистина се потрудиме, тогаш навистина и ќе се забележи ефект од тоа. И притоа не само вашите деца, туку и вие и вашиот партнер ќе бидете посреќни. Но мора да се обидете.

 

Но да сумираме! Еве ги 6-те совети на Брус:

  1. Направете мисија на семејството
  2. Споделете ја историјата на вашето семејство
  3. Одржувајте неделни состаноци
  4. Расправајте се правилно
  5. Поминете некое време заедно секој ден.. во било кое време од денот
  6. Обидете се

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *