Семејство и Бременост

7 причини зошто е супер да сте трудни преку лето!

7 причини зошто е супер да сте трудни преку лето!

Бенефитите на летната бременост

 

Повеќето жени сметаат дека да се биде трудна особено во горештините на летото е вистински пекол. Вас веќе секако вие топло поради бременоста, поради тоа што имате поголем волумен на крв. Но има и некои бенефити да сте трудни сред лето. Некои се очигледни, некои не толку. Затоа проверете ги овие 7 совети!

 

  • Летото е супер време за надворешни активности

Пешачењето и пливањето се најдобрата физичка активност за мајките во очекување. Не создаваат премногу напор на зглобовите, а обезбедуваат добра кардио вежба а и се совршен изговор да излезете надвор на свеж воздух.

Пешачењето е супер, бидејќи е доволно лесно за да може да го направи секој, а истражувањата покажале дека мајките кои пешачеле во текот на својата бременост допринесуваат за бројни здравствени бенефити за себе и за своето бебе.

Пливањето пак ви ја олеснува бременоста во поглед на спречување на прекумерно зголемување на тежината, спречува потекување, притисок. Така што ако одењето на тврда земја ви претставува проблем, лебдењето во вода ќе би биде многу попријатно.

  • Имате богат избор на свежо овошје и зеленчук

Сите мајки знаат колку е важна исхраната за време на бременоста. Треба да внесувате доволно витамини, минирали и други важни нутриенти кои ќе ви помогнат да имате здраво бебе.

Разликата во здравјето се забележува кај мајките кои поголем дел од бременоста им била во зимскиот период отколку на овие кои им била преку летните периоди, толку поради овие причини. Едноставно изборот во исхраната е многу подобар!

  • Сонцето значи витамин Д

Додека секако е важно да не се изложувате премногу на сонце и да нанесувате заштитен крем, сепак со поминување на неколку минути во денот на сончевите зраци ќе ви создаде повеќе витамин Д. Ова е особено важно, бидејќи недостигот на витамин Д е доста честа појава за време на бременоста.

  • Гардеробата!

Облеката за трудници многу е напредната во последните години. Сега имате секакви опции за летни фустани, сукњи, маички, и костими за капење, без разлика во кој степен од бременоста сте моментално

  • Помалку веројатно е дека вашето бебе ќе го зафати RSV (Respiratory syncytial virus) вирусот за време на летните месеци

RSV вирусот е високо заразен вирус кој ги зафаќа горните респираторни патишта. Особено е опасен за прерано родените бебиња, или пак оние кои се родени со срцеви или белодробни проблеми. Сезоната на RSV обично е од октомври до мај, па затоа бебињата кои се родени во летните месеци е помалку веројатно дека ќе го зафатат вирусот.

  • Лесно е, а и вкусно, да се хидрирате

Неопходно е да се каже дека хидратацијата за време на бременоста е многу важна. За време на летните месеци слободно можете да уживате во некои моктели, па на тој начин да го исполните дневното пропишано количество на вода. Освен што се вкусни, моктелите можат да бидат и богати со важни нутриенти.

  • Одмор!

Летото нуди одмор и време надвор од работата, што може а биде супер ако сте на почетокот на вашате бременост кога ги имате они непријатно утрински симптоми, па не се чувтсвувате најдобро.

Но уште подобро летото е време за да направите некое романтично патување, или пак можеби babymoon со вашиот партнер, што може да биде одлично време уште толку да ги зајакнете врските со вашиот партнер, пред да започне турбулентниот период откога ќе станете родители.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *