Популарни

Летото дојде, акните ќе ви се влошат – Што сега???

акни на лицето

Сите се на мислењето дека летото баш и годи на Вашата кожа. Но не е баш така. Со пристигнувањето на летните горештини веќе ќе приметите некои промени на Вашата кожа кои и не се сите на подобро.

Заедно со пристигнувањето на топлото време, пристигнуваат и  испадите на мозолчиња. Дерматолозите велат дека акните можат дополнително да се воспалат и иритираат на топлото време. Ние се потиме повеќе, па прашините и лојта се мешаат заедно со потта и ги зачепуваат порите на кожата. Бактериите на кожата пак обожаваат кога таа е помасна, со повеќе лој, и ова преставува добар рецепт за развој на акните.

Исто така и кремот за заштита од сонце може да помогне во зачепувањето, ако постојано само се шлакаме со дополнителни слоеви, без претходно да ги отсраниме веќе претходно нанесените и без да го исчистиме лицето. Секогаш ставајте нов слој на крем на претходно исчистено лице.

 

Она што можете да го направите ова лето за да си помогнете во врска со акните е да ги замените вашите креми и козметички производи за не толку масни креми, кои и овозможуваат на кожата полесно да дише. Побарајте безмасен хидратантен крем или лосион за телото, употребувајте лесни ексфолијанти за чистење на кожата и нанесувајте антиоксиданси на вашата кожа за дополнителна заштита. Користете и физичка заштита на вашата кожа со облека и капи кои обезбедуваат добра заштита од УВ зраците. Секако побарајте во козметиката добар крем за заштита од сонце и крем со цинк кој помага при кожа склона на акни.

 

Некои други совети кои можете да ги примените:

  • Избегнувајте храна која придонесува за појавата на акни

Внимавајте и на внесот на шеќер за време на летото, особено на пијалоците богати со шеќер, како газираните пијалоци. Но тука спаѓаат и пивото и коктелите. Овие пијалоци богати со шеќер дополнително го стимулираат лачењето на лој.

Иако врската помеѓу акните и шеќерот не e цврсто докажана, најдобро е да ги избегнувате исто и јадењата како: чоколади, лебови, торти, пржена храна, и се друго што содржи шеќер, како и брашноте и путерот/мастите.

 

  • Јадете храна која превенира запек.

Појавата на акни кај возрасните најчесто е знак дека вашите екскреторни системи не функционираат како што треба. Затоа внимавајте каква храна внесувате. Вклучете храна богата со растителни влакна како свежо овошје и зеленчуци. Летото е исто така добар период да јадете по водлеста храна како лубеници и дињи, портокали и слично. Тие ќе му дадат маса и содржина на вашиот стомак и ќе помогнат храната да помине полесно низ цревата. Освен мрсната храна, обидете се да го намалите и внесот на црвено месо. Намасто тоа, јадете полесна храна, како варен или обарен ориз или грав за да ги намалите мозолчињата преку лето. Секако важно е да јадете бавно, убаво да ја соџвакате храната и да не се прејадувате. Слободно земете си повеќе време за секој залак. Подоцна варењето на храната ќе ви биде многу полесно.

  • Пиењето на многу вода е супер, ама нема да ви помогне при спречување на појава на акни.

акни, вода

Се разбира, сите ние внесуваме многу повеќе вода во летните месеци. Но не постојат докази кои сугерираат дека постои врска помеѓу количината на испиена вода и намалување на бројот на акните. Она што може да ви помогне е да го чистите вашето лице, двапати дневно со лосион кој содржи салицилна киселина. Внимавајте да не ја пресуши кожата, па по потреба ставете немастен хидратантен крем.

 

  • Држете ја климата подалеку од вашиот кревет.

За оние кои што спијат во помали соби, многу е важно каде ќе го поставите клима уредот. Поголемата близина на уредот, предизвикува ладниот воздуг да ја суши Вашата кожа, и да доведе до дисбаланс во масната рамнотежа на кожата, што само ќе ги влоши акните. Поставете го клима уредот што е можно подалеку, за да не ви дува директно во вашето лице додека спиете. Повторно, внимавајте да ја одржувате вашата кожа хидрирана со нанесување на крем по потреба. Ако чувтствувате дека вашата кожа повторно почесто се замастува, намалете со нанесување на крем.

 

  • Мијте се по посетата на базен.

Хлорот има  функција да ги убива бактериите, но истовремено и ја суши кожата. По пливањето измијте го лицете со лосион со салицилна киселина, и повторно намачкајте со крем кој не содржи масти. Ако ја немате оваа опција на базен тогаш барем заплакнете го вашето лице со свежа и чиста вода за да го отстраните хлорот од вашата кожа и да го намалите понатамошното сушење.

 

  • Секогаш чувајте ја чиста вашата спортска опрема.

кожа, трчање

Појасот на шлемот кој се става околу брадата може да влијае на кожата и да предизвика испади. Стегачите на рацете со кои ја бришете потта од лицетo исто се во оваа категорија. Луѓето едноставно забораваат да ја измијат својата опрема. Бидејќи дури е да е миено вашето лице, ако опремата остане немиена таа повторно ќе ги рашири бактериите кои предизвикуваат акни на вашата кожа. Поедноставена опција би било да носите алкохол за дезинфекција и по секоја употреба да го поминете вашиот шлем. Битно е да запомнете дека би требало да ги миете сите делови од вашата опрема кои го допираат лицето.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *