Вести и Експерти

Акутен Гастроентеритис Во Детската Возраст

Акутен гастроентеритис

Што претставува  акутниот гастроентеритис во детска возраст­­?

Акутниот гастроентеритис (дијареа)  е заболување кое е едно од најчестите заболувања насекаде низ светот. Посебно е изразено во  летниот период од годината и за жал не се поштедени ниту децата .

За да дефинираме еден гастроентеритис прво треба да имаме промена во конзистенцијата на столиците или да имаме повеќе од 3 течни столици во рок од 24 часа, кои може да бидат проследени и со покачена телесна температура.

Дијареата во овие случаи трае најчесто помалку од 7 дена, но не повеќе од 14 дена.

Епидемиологија–  кај нас и во Европа, најчесто се јавува кај деца кои се помали од 3 години. Најчест причинетел се вирусните инфекции, околу 70 %, поточно ентеровирусот како и рота вирусот за кој во Република Македонија сеуште нема вакцина.

Меѓутоа, акутниот гастроентеритис може да биде причинет и од бактерии, меѓу кои најчеста е салмонелата. Затоа, би сакала да им напоменам на родителите многу да внимаваат каква храна им даваат на своите деца, посебно во летниот период од годината.

Исто така, во поретки случаи причината може да биде и од некои паразити.

Ризични состојби кои може да се резултат на тешка или перзистентна дијареа

Др. Александра Андреевска
Др. Александра Андреевска

Дијареата е главна причина за дехидрација кај детето, и затоа многу е важно да се процени степенот на дехидрација од страна на матичните лекари.

Најтежок степен на дехидрација се јавува кај доенчиња кои се помали од 6 месеци и треба веднаш да се упатат на терциерно ниво за натамошен третман .

Дечињата кои се над 6 месечна возраст, во најголем процент се третираат во матичните амбуланти, каде соодветно им се даваат орални рехидрациони, односно електролитни раствори и пробиотици.

Многу важно за родителите е да знаат дека доењето го намалува траењето на дијареата бидејќи во мајчиното млеко има бифидобактерии кои се едни од најважните бактерии во раното детство за воспоставување на нормална флора во дигестивниот систем на дечињата.

Начинот на исхрана и хигиенските услови се исто така важен фактор во поглед на должината на траење на акутната дијареа. Треба да се избегнува храната со висок степен на маснотии и шеќери, чоколадо, сладолед и слично.

Дали може да се разликува бактериската од вирусната етиологија?

Одговорот е да.

Покачена телесна температура до 40 c , крвави столици и болка во стомакот се показател за бактериска етиологија, додека пак повраќање и  респираторни симтоми упатуваат на вирусна етиологија.

За крај, би додала дека секое дете кое има повеќе од 3 течни столици дневно, треба да се однесе кај неговиот матичен лекар за доиследување и натамошен третман. Да им преодочам на родителите дека не треба да бидат интернет лекари за своите најмили.

Дали може да се спречи акутната дијареа?

Одговорот е не. Меѓутоа со следење на препораките на вашите лекари, може соодветно да се третира.

Да ја зачуваме насмевката на нашите дечиња преку целата година.

————

Др. Александра Андреевска

ПЗУ  – “Др. Александра Андреевска” 

Поликлиника “Ѓорче Петров” – Скопје


Продолжи да читаш

 – – – – – – – –

Што да правите кога ќе фатите стомачен вирус

стомачен вирус пролив дијареа


Факти за пробиотиците кои треба да ги знете

probiotici пробиотици


Суперхрана – Што е тоа и кои се доказите за тоа?

боровинки суперхрана

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *