Психологија

Анхедонија: Неспособност за чувствување на задоволство

Анхедонија: Неспособност за чувствување на задоволство

Што ако не можете повеќе да уживате во природата, слушањето музика, дружењето со пријателите, или дури и во јадењето пица? Ако некогаш сте гледале некоја емисија за депресија сигурно сте запознаени со овој проблем: неспособноста да се ужива во активностите во кои некогаш баш сте уживале, состојба позната како анхедонија.

 

Кога не чувствувате ништо

Терминот анхедонија буквално значи “без задоволство” на грчки и често се реферира на неа како “емоционална смрт”. Вообичаени примери за оваа состојба вклучуваат кога воопшто не чувствувате љубов или врска додека го држите вашето бебе, воопшто да не ве допира вашата поранешна омилена песна, да немате желба и да не уживате повеќе во сексот, глумење на емоции пред другите луѓе, се чувствувате индиферентно за време на некои весели моменти како голема спортска победа или дури и на вашата сопствена свадба. Додека анхедонијата е заведена како главен симптом на едно поголемо депресивно растројство, сепак е негативен симптом и на други растројства, како шизофренија и паркинсонова болест. Научниците сеуште не се сигурни зошто анхедонијата се случува во мозокот, но одредени студии фрлаат нова светлина на некои потенцијални објаснувања.

 

Што се случува?

Според една статија од 2008 година во Dialogues in Clinical Neuroscience, анхедонијата е асоцирана со намалена активност на центарот за награда во мозокот (поспецифично, во вентралниот стриатум) и зголемена активност на регионот кој ја контролира ихибицијата на емоционалните одговори (предниот регион на префронталниот кортекс). Во двете области, допаминот – невротрансмитерот за “добро чувство” – игра важна улога. Една студија од 2016 година, укажува каде точно наштетува анхедонијата, кога откриле дека со стимулирање на центарот за инхибиција во мозокот предизвикале намалена активност – а со тоа и допамин – во центарот за награда во мозокот. Научниците се надеваат дека откривањето на улогата на допаминот во анхедонијата ќе доведе до поефективна превенција и подобри методи за третман на оваа цела низа растројства од депресија до злоупотреба на дроги.

 

Колку анхедонијата е сродна со зависноста и депресијата?

Слушнете го искуството на еден човек кој вистински пати од анхедонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *