Детско Здравје

Кога треба да му ги купите првите чевлички на вашето дете

Кога треба да му ги купите првите чевлички на вашето дете

На вашето бебе ќе му бидат потребни чевлички кога тоа самоуверено ќе оди самостојно, и тоа надвор. Ставете му ги чевлите само кога сте надвор.

Додека бебето учи да оди низ домот, оставете го да биде босо, така ќе може да се балансира и да ги координира сопствените чекори подобро.

Исто така босоногото одење ќе му овозможи природно развивање на стапалата, без рестрикции од чорапите или чевличките. Коските на вашето бебе се меки, и нивното прерано стегање во чевлите може да ги згмечи нивните стапала, што ќе го спречи нормалниот раст.

Најдобро е да појдете до продавница каде стапалата на вашето бебе ќе бидат измерени од квалификуван техничар. Продавницата треба да прикаже сертификат за тоа, па затоа внимавајте на овие знаци при влезот во продавницата. Техничарот ќе ве посоветува каков тип на чевли да купите, и ќе се осигура дека се точни додека истовремено имаат место и за растење.

Првото ставање на чевлите може да е ново искуство за вашето бебе, па може и да не го прифати толку лесно. Но не се грижете премногу за тоа ако вашето бебе се лути или почне да плаче. Техничарот е сигурно навикнат на ова.

Ако вашето бебе се противи премногу, тогаш подобро е да се вратите некој друг ден, и пробајте во некое време кога не е многу гужва за да ви посветат повеќе внимание.

Побарајте чевлички кои нудат поддршка со каивче или со лепенка или врвки кои ќе ја држат чевличката на место. Проверете дали ѓонот е флексибилен и лесен а нелизгав.

Одберете материјал кој лесно дише, како природна кожа, памук, или платно. Држете се понастрана од пластичните чевли. Тие ќе ги потат стапалата на вашето бебе, што може да доведе до габични инфекции.

Кога ќе ги пробате чевличките, проверете дали има доволно место кај палците за понатамошен раст. Треба да има околу 1 цм место за растење помеѓу надолгото прсте и крајот на чевличките.

Исто така проверете ја и широчината дали е соодветна за бебето. Ако носите чорапи со чевлите тогаш пробајте ги така.

Оставете го бебето да пооди малку со чевлите. Осигурајте се дека нема да му се вадат чевличките додека оди или додека стои на прсти. Ако прстите се премногу напред тие можат да се поттиснат и смачкаат внатре во чевлата. Ако пак се премногу тесни, тоа ќе мора да ги витка стапалата и прстите.

Носете го вашето бебе на мерење на секои 6-8 недели. Тоа ќе ги надрасне чевлите за 2-3 броја секоја година, па ќе бидат потребни нови чевлички. Продолжете со редовни посети на мерење до 4тата година од животот. По овој период доволно е да одите на секои 3 месеци.

Исто така проверете ја големината и на чорапите исто така. Ако на вашето бебе му се потребни поголеми чевлички тогаш сигурно ќе му се потребни и нови чорапчиња!

Секогаш најдобрата опција е да ги купувате чевличките нови. Чевличките на старо нема да ја обезбедат соодветната поддршка за нивните нозе кои сеуште се развиваат. Тие биле направени по мерка за друго дете, а нивните ѓонови може веќе да се изабени.

 


Продолжете да читате

Разбудете го чувството за уметност кај вашето дете – 10 креативни идеи!

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *