Здравје и Баланс

Мајка ви сепак била во право – Чистата соба може да ви го подобри животот

Мајка ви сепак била во право – Чистата соба може да ви го подобри животот

“Исчисти си ја собата!“ Колкупати сте го слушнале ова додека сте растеле? Додека се да е средено можеби само ви изгледало како некоја опсесија на Вашата мајка, жал ни е сепак да ве информираме дека науката ја поддржува. Средената соба е асоцирана со намалени стрес и депресивни чувства, а една студија ја поврзува и со поздрав избор на животни навики. Мајката знае најдобро!

 

Хаосот обожава слатки

Во една студија од 2013 објавена во магазинот Psychological Science, учесниците биле поставени или во подсредена соба или во пренатрупана и биле замолени да изберат помеѓу здрава и нездрава ужинка (јаболко или чоколадце). Луѓето во средената соба биле поверојатно да го изберат јаболкото, а во натрупаната соба луѓето типично го избирале чоколадото.

Експериментот потоа продолжил и чекор понатаму. Истите две групи на волонтери биле замолени да донираат пари за некоја хуманитарна цел. Погодете која група се чувствувала подарежлива? Да! – Повторно групата од средената соба победува.

 

Неуредно биро значи креативен ум

Но почекајте бар минута – студијата сепак увидела некои важни бенефити на неорганизираната средина. Кога ги запрашале двете групи да изнајдат нови употреби за пинг-понг топчињата, учесниците од несредената соба изнашле покреативни идеи. Друг експеримент увидел дека оние во несредената соба било поверојатно да изберат мени на кое пишува “ново мени“, додека за оние од средената соба било поверојатно да изберат мени обележано со зборот “класично мени“.

Тогаш што треба да изберете? Дали треба да се стремите да бидете здрави и дарежливи со тоа што ќе го одржувате домот среден, или треба да му се препуштите на хаосот и со тоа да ги одржувате креативните мисли? Од Business Insider велат да правите и од двете по малку. “Исчистете кога имате време или кога едноставно таа средина ќе почне да ви оди на нерви, а престанете кога ќе престанете да чувствувате потреба се да биде средено.“

 

Дали неуредноста ве прави по креативни?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *