Женско Здравје

Депресија по спонтан абортус – внатре, во чувството на осаменост

ABORTUS DEPRESIJA

За многу жени, губењето на бременоста е проследено со депрeсија и пост-трауматично стрес растројство. Зошто не се зборува за тоа?

 

Приказна за една мајка:

Во 2014 кога таа беше бремена во 20тата недела, Валери Мик беше на преглед на ехокардиограм, кога дозна дека кај нејзиното машко бебе нема срцеви отчукувања. Аутопсијата и патолошкиот извештај подоцна открија дека се работело за проблеми со плацентата, која била премала за да го поддржи развитокот на фетусот. Мик вели, нејзиниот син бил совршен, единствено не имал можност да расте и да се развива.

За првите 6 недели по мртвороденото, Мик разговарала со терапевт секој ден. Таа и понатаму ќе работи со професионалци за ментално здравје кои ја третирале за комбинација на депресија, анксиозност и PTSD (пост-трауматично стрес растројство) уште цели 10 години и повеќе, и кои долго време се потпирале на терапија со медикаменти за регулирање на нејзините симптоми. На некој начин, вели Мик, оваа долга историја на проблеми со менталното здравје е рај споредено со настанот кој и го скрши срцето.

“Јас незнам дали ќе ја преживеев загубата, ако веќе немав толку добар тим околу мене,” вели Мик. Сега таа е оперативен директор на непрофитната организација “Подршка за Бременост по Загуба”, бидејќи таа знае колку е лесно за жените целосно да ја проголтаат депресијата по загуба како нејзината.

До 15% од бременостите завршуваат со абортус (кој се дефинира како отфрлање на плодот по 20тата недела), додека само 1 процент од бременостите во САД се мртвородени (смрт на плодот по 20 недели бременост). Загубата на бременоста според овие статистики е честа појава. Иако постои некоја тврдоглава перцепција дека тоа ретко се случува – некој изолиран настан кој им се случува само на неколку жени – што дава на знак дека овие жени не се справуваат само со тага и жал, туку и со чувства на длабока осаменост. Се додека не исчезне тајноста и мистеријата за честотата на овие настани и стигмата што ги опкружува, овие жени и понатаму ќе тонат, многу од кои ќе развијат и сериозни проблеми со менталното здравје, како депресија и PTSD или пост-трауматично стрес растројство.

Истражувањата, сепак, започнаа да откриваат до каде се се протега маката на овие жени по загубата. Проценките сугерираат дека до 20% од жените кои имаат абортус, развиваат симптоми на депресија и/или анксиозност – чувства кои не исчезнуваат така лесно со текот на времето или пак со повторно забременување. Друга студија од 2011 во Велика британија сугерира дека исходот од абортусот може да биде долготраен. Помеѓу жените кои абортирале или имале мртвородено, 13% сеуште им се јавуваат симптоми на депресија и по 3 години од нивната загуба.

Други истражувања покажуваат дека жените кои имале абортус имаат зголемен ризик фактор да развијат PTSD , дури и ако загубата се случи рано во бременоста. Дури скоро 40% од жените во студија од 2016 година, повеќето од кои имале абортус во првото тромесечие – почувствувале симптоми на PTSD, кои вклучуваат постојано преживување на трауматичниот настан или избегнување на личности и ситуации кои ги потсетуваат на тоа. PTSD може да се јави многу брзо по доживување на некој трауматичен настан, а може да се појави и со години подоцна. За многу жени кои го искусиле немилиот абортус или имале мртвородено, повторната бременост може да ја предизвика појавата на PTSD.

“Многу жени доживуваат траума за време на ултразвукот,” вели Линдзи Хенке, клинички социјален работник и основач на Подршка за Бременост по Загуба. “Тука, кај нас, има многу жени кои се обидуваат да ја разберат нивната загуба, или каде кога е потврдено дека повторно се бремени, повторно се јавува тоа кошмарно чувство, и анкциозност која ги надвладува сите нивни сетила.” Други жени можат да развијат симптоми на PTSD кои се насочени кон честа посета на тоалетот, вели таа, веднаш чим забележат дека крварат.

Една од причините зошто не се зборува толку многу за депресијата и PTSD по загубата на бременоста е тенденцијата да се занемарат болките на жените, особено ако абортусот се случил рано во бременоста, вели Хенке. Но жените можат брзо да развијат вистинска љубов за нивното дете кое сеуште го носат и можат да тажат за нивната загуба за потенцијалното родителство. “Се се случува како гром од ведро небо,” вели Хенке. “Понекогаш и животите на жените можат да станат сериозно загрозени.”

Кога на загубата не се гледа толку сериозно, на жените им е потешко да препознаат дека им е потребна помош, и дека таа помош им е достапна. Недостатокот на тертманот може да доведе до непотребни трагични последици, а од друга страна истражувањето покажува дека депресијата и PTSD лесно можат да се третираат.

За Мик, оваа нејзина историја со проблемите со менталното здравје, всушност можеби и и го спаси животот. Некои други жени ја немаат таа среќа.

“Малку му се крши срцето кога ќе помислам на овие жени,” вели Мик. “Јас не би преживеала без целата поддршка која ја имав и сеуште ја имам. Не само што многу жени немаат поддршка од терапевт, тие исто така немаат подршка ниту од нивната фамилија и пријателите. Потребно ви е тоа. Потребно е!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *