Психологија

Ефектот на победникот: Една победа води до повеќе победи

Ефектот на победникот: Една победа води до повеќе победи

Сите знаеме за некој кој само реди успеси еден по друг. Додека талентот, вештината, и старата добра среќа дефинитивно играат улога во постигнувањата, сепак постои и нешто подлабоко од тоа. Без разлика дали сте брокер или лабораториски стаорец, ако победите еднаш тоа навистина ви ги зголемува шансите да победите и следниот пат. Всушност, некои луѓе само добиваат и добиваат, без разлика на се. Овој феномен е познат како ефектот на победникот.

 

Два глувци влегуваат, еден заминува

Биолозите веќе одамна забележале дека кога животните се борат за доминација во дивината, она животно кое ќе победи е поверојатно да победува и понатаму во иднината. Ова не се должи само на тоа што се подобри во борење. Научниците увиделе дека самиот чин на победата е доволен да ги зголеми шансите за понатамошен успех. Ова донекаде има логика: Кога знаете дека можете веќе да победите, тоа ви ја зголемува самодовербата, а самодовербата е многу важна алатка во постигнување на успех.

Истражувачите теоретизираат дека се ова се должи на хормоните. Победувањето го зголемува тестостеронот, велат тие, а тестостеронот ги прави животните по агресивни. Губењето пак од друга страна, води до зголемување на стрес хормонот кортизол, што ги прави животните поплашливи и неспремни за превземање на ризик. Но една студија од 2017 година објавена во научниот магазин Science укажува на нешто друго.

Тим воден од Хајлан Ху од Zhejiang University се сомневал дека група на мозочни клетки позната како дорзомедијален центар во префронтална мозочна кора (или dmPFC), била вистинскиот причинител на таканаречениот победнички ефект. dmPFC игра важна улога во упорноста, карактеристика која е барана во корпоративниот свет, а ја нарекуваат “грит”. За да ја тестираат својата теорија, истражувачите најпрво поставиле парови на глувци во тесна цевка свртени еден кон друг. Бидејќи очигледно има непријатна ситуација, секој глушец се обидел да најде начин да излезе колку што е можно побрзо, вообичаено со борење за да го бутне другиот од својот пат.

Истражувачите потоа ги земале глувците кои губеле, а потоа користеле светлина за да го активираат dmPFC делот на мозокот, а потоа ги пуштале повторно во цевката. Со невроните од овој регион во мозокот вклучени, 80-90% од претходните губитници ги надминале своите противници.

Но има и нешто друго: следниот ден кога истражувачите ги поставиле истите глувци повторно во цевките без да им прават ништо на нивните мозоци, глувците кои ја имале најскорешната победа продолжиле и да победуваат. Било каков ефект да имало првичната загуба бил избришан со последователната победа.

Претодните истражувања укажувале на поврзаноста помеѓу тамалусот, еден вид на сензорен патоказ во мозокот, и dmPFC, во овој вид на однесување, па истражувачите испробале да ја активираат врската. Се разбира, го имала истиот победувачки ефект. Најважно, претходните глувци-губитници продолжувале да победуваат и тоа без да ги променат нивоата на тестостерон во телото, па поради тоа најверојатно таа претходна теорија не е точна.

 

Кога врне – истура!

Додека студиите со животни не секогаш добро се пренесуваат и кај луѓето, можноста за да се случи ова во нашите сопствени мозоци е доста занимлива. Можете да го видите ефектот на победата како се случува и кај луѓето исто така, во било кое темпо. Во книгата “Еден час помеѓу куче и волк: Како превземањето ризици не трансформира нас, телото и умот”, цитира Џон Коутс една студија која разгледува преку 623.00 професионални тениски натпревари и увидува дека победникот на првата полувреме има 60% шанса за победа и во втората половина, а бидејќи тенисот како спорт е еден на еден, тоа значи дека целиот меч е земен во предвид.

Ако ефектот на победникот е вистински тогаш имаме и добри и лоши вести. Добрите се дека победувањето е дури подобро отколку што си замислувавте; лошата вест е дека и губењето е всушност полошо. Можеби на сите нас ни е потребна поголема мотивација за која ќе знаеме дека доаѓа од таа една победа, што ќе може да доведе да си помогнеме самите но и на другите да го постигнеме тој првичен успех.

 

Што точно е тоа “грит”?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *