Психологија

Оставете го стресот зад вас и прифатете го еусресот

Оставете го стресот зад вас и прифатете го еусресот

Многу луѓе го сметаат стресот за нешто лошо – нешто што ви тежи кога ќе се натрупаат сметките, кога вашите пријатели ви се лути, или кога едноставно имате премногу работи да завршите во еден ден. Но на спротивната страна од лошиот стрес или “дистрес“, се наоѓа позитивната форма наречена “еустрес“ –  а ви носи низа на предности.

 

Додадете го “еу“ на стресот

Сите сме се почувствувале некогаш како да сакаме да постигнеме нешто големо. Додека тој порив може да се смета за нешто стресно, повеќето од нас не би гледале на тоа како нешто лошо. Тоа е еустрес во акција. Некои форми на еустрес се очигледни, како започнување на нова работа, кога се венчате, или преселбата во нов град. Во генерала, овој тип на стрес е мотивирачки и енергетски, и ви дава мотив да се подобрите.

Понекогаш, тешко е да се види разликата помеѓу еустресот и дистресот. Еустресот почесто е некој краткотраен вид на притисок, притисок кој е возбудувачки и чувствуваме дека лесно можеме да го поднесеме. Дистресот од друга страна, може да биде со било која должина на траење, а може да ве направи да се почувствувате како да немате капацитет да се справите со било што од тоа. Овој вид на стрес има тенденција да ве направи да имате подпросечен успех, а може дури да предизвика и физички проблеми.

 

Сепак го имате ова!

Па како тогаш можете да направите да имате повеќе еустрес во животот? Наместо да го перцепирате напорниот проект на работа како нешто негативно, запрете и потсетете се себе си дека стресот може да биде и добар за вас. Кога искусуваме дистрес, ние претендираме да се фокусираме на надворешни фактори со мисли како: “Шефот ми даде невозможен проект“. За да ја трансформирате ситуацијата во еустрес, обидете се да се фокусирате на внатрешните мисли како: “Го имам ова! Овој проект ќе биде тешка задача, но јас сум способен, и ќе биде наградувачки за мене!“. Секогаш се работи за перспектива!

 

Добар Стрес vs. Лош Стрес

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *