Вести и Експерти

Научете било што со 4те чекори на Фејнман техниката

Научете било што со 4те чекори на Фејнман техниката

Со Фејнман техниката, можете да научите преку учење на другите за некоја тема но на поедноставен начин за да можете брзо да ги увидите “дупките” во вашето знаење. По 4те чекори, вие ќе можете да ги разберете концептите подлабоко и подобро да ги задржите информациите.

 

Зошто е важна

 

Техниката на Фејнман е ментален модел кој бил создаден од физичарот добитник на Нобелова награда – Ричард Фејнман. Познат како “Големиот Објаснител“, На Фејнман секогаш се реферирало на неговата способност јасно да ги објасни комплексните теми како на пример квантната физика на скоро секого. Во “Изгубеното Предавање на Фејнман: Движењето на Планетите Околу Сонцето,” Дејвид Гудстајн пишува дека Фејнман се гордеел на себе што може да ги објасни и најкомплексните идеи во едноставни зборови.

Гудстајн еднаш го прашал Фејнман да објасни зошто “вртењето на половичните честички се покоруваат на Ферми-Дирак принципот.“ Фејнман одговорил дека ќе подготви предавање за бруцоши на таа тема, но потоа се вратил по неколку дена со празни раце. “Не можев да го доведам до ниво на бруцоши,” му признал тој на Гудстајн. “Тоа значи дека ние всушност не го разбираме тоа.“ Тоа е лесно да се каже, ако Фејнман не можел да објасни нешто на едноставен начин, тогаш има проблем со информациите, а не со способноста на Фејнман да предава.

 

Зошто луѓето зборуваат за ова

 

Фејнман Техниката е веќе јасно поставена во биографијата на Џејмс Глејк од 1993 наречена “Генијот: Животот и Науката зад Ричард Фејнман.“ Во книгата, Глејк го објаснува методот од аспект на тоа како Фејнман ги совладал испитите во Принстон Универзитетот: “Тој отвораше секој пат нова тетратка. На почетната страна пишуваше: ТЕТРАТКА ЗА СИТЕ РАБОТИ КОИ НЕ ГИ ЗНАМ. За првпат, но не и последен, тој го реорганизираше своето знаење. Работел со недели за да ја деконструира секоја бранша на физиката, ги подмачкувал деловите, и ги составувал повторно заедно, гледајќи ги притоа грубите рабови на несоодветностите. Се обидел да ги пронајде есенцијалните јадра на секој предмет.“ Ова е првиот дел од неговиот процес, но да ги разгледаме сите 4 чекори:

  • Одберете тема која сакате да ја разберете и да започнете да ја изучувате. Запишете се што знаете за темата на лист во тетратката, и потоа додавајте постојано во странта секој пат кога ќе дознаете нешто ново за таа тема.
  • Преправајте се дека предавате на темата во училница. Бидете сигурни дека ја објаснувате темата во поедноставен речник.
  • Вратете се на книгите кога ќе заглавите некаде. “Дупките“ во вашето знаење треба да се очигледни. Враќајте се на проблематичните области се додека не можете целосно да ја објасните темата.
  • Поедноставете ја и користете аналогии. Повторете го процесот додека го поедноставувате вашиот речник и ги поврзувате фактите со аналогии што ќе помогнат да се зајакне разбирањето.

 

Фејнман техниката е совршена за учење на нови идеи, подобро разбирање на веќе постоечки идеи, потсетување на некои постари идеи, или пак само учење и спремање за тест. Ние не се шегувавме кога рековме дека е добра за скоро се. Како вие би ја искористиле оваа техника?

 

Откријте ја Фејнман техниката

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *