Вести и Експерти

За пациентите со канцер кои избрале алтернативна медицина е двапати поверојатно дека ќе починат

За пациентите со канцер кои избрале алтернативна медицина е двапати поверојатно дека ќе починат

По 5 години, 78,3 проценти од луѓето кои избрале медицински третман се сеуште живи, споредено со само 54,7 проценти на луѓе кои одбрале алтернативни терапии

 

Нова студија тврди дека пациентите кои патат од рак, кои се осврнуваат кон алтернативните терапии повеќе отколку кон конвенционалната медицина е двапати поверојатно дека ќе починат.

Научниците од престижниот американски универзитет на Јеил увиделе дека за пациентите со рак е поверојатно да бидат излечени со конвенционалната медицина, и покрај анегдотите од некои кои тврдат дека нивниот рак бил излечен со помош на природни или алтернативни лекови.

Истражувачите ја прочешлале националната датабаза за рак во нивната студија “употребата на алтернативна медицина за рак и нејзиното влијание врз преживувањето“. Тие ги следеле 280 пациенти кои биле дијагностицирани со болеста во 2004 но избрале алтернативна медицина, и 560 “контролни“ пациенти со рак кои се подвргнале себе си на конвенционалната терапија како хемотерапија, радиотерапија и хирургија.

По 5 години, 78,3 проценти од луѓето кои избрале медицински третман се сеуште живи, споредено со само 54,7 проценти на луѓе кои одбрале алтернативни терапии. Студијата исто така разгледувала и различни типови на рак вклучувајќи го и ракот на дојката, на белите дробови, на простатата и колоректалниот рак.

Пациентите со рак на дојката кои користеле алтернативни терапии биле дури до 5 пати поверојатно да го изгубат животот на оваа болест.

Пациентите со колоректален канцер биле до 4 пати поверојатно да починат ако ја одбивале конвенционалната медицина а притоа ги фаворизирале алтернативните третмани.

Алтернативната медицина, која ја промовираат некои кои се надвор од медицинската професија и тврдат дека може да го излечи ракот вклучува третмани како: киропрактика, хомеопарија, акупунктура и диети со сокови.

Истражувачите не можеле да идентификуваат специфично кој вид на алтернативна медицина била употребувана од страна на пациентите.

Други ограничувања па податоците вклучуваат и неизмерената пристрасност, што би можело да влијае на степенот на преживување, забележале истражувачите.

“Сепак, бидејќи пациентите кои се здобиле со алтернативни третмани вообичаено тежнеат да се помлади, подобро ситуирани, подобро образовани и помалку оптоварени со мисли за коморбидитет, но ова сепак не го вклучува објаснувањето за разликата во преживување,“ заклучиле тие.

Истражувачите заклучуваат дека пациентите кои одбрале и класичен тертман покрај алтернативната медицина, биле исто поверојатно да починат и им било посочено да бидат поригорозни и построги кон алтернативната медицина барем во иницијалниот период во третманот на ракот.

“Засега имаме докази кои сугерираат дека употребата на алтернативната медицина на местото на докажани терапии за рак, резултира со полоша шанса за преживување,“ вели главниот автор Скајлер Џонсон.

Авторите велат, “Се надеваме дека оваа информација, ќе биде користена од пациентите и докторите кога ќе се дискутира за влијанието на одлуките за третман на канцерот врз степенот на преживување“.

 

Овие наoди се објавени во Journal of the National Cancer Institute.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *