Здраво Живеење

Ако сакате да ги одбивате комарците оставете ја цитронелата

Ако сакате да ги одбивате комарците оставете ја цитронелата

Летото е време кога се ужива во природата, што значи дека комарците уживаат да ве јадат живи. Затоа, не е ни за чудо што летото е полно си митови за тоа како да ги држите комарците на дистанца. Мит број еден? Запалете свеќа со цитронела. Студија од 2017 година покажува дека цитронелата – заедно со уште многу други супстанции – не прави ништо за да ги избрка комарците. За среќа, има неколку состојки кои навистина делуваат.

 

Промашај на комарецот

Во студијата од 2017 година објавена во Journal of Insect Science, истражувачите поставиле двајца волонтери за кои претходно е увидено дека многу им се допаѓаат на комарците, кои биле замолени да не се капат и да не користат хигиенски продукти 24 часа пред експериментот. (Ах, што се правиме за науката.) Човечката “мамка“, како што и студијата ги нарекувала волонтерите, била седната на едниот крај на ветерен тунел со низок интензитет и чекале комарци да почнат да се движаат накај нив од еден кафез поставен на спротивниот крај, додека научниците ги броеле инсектите. За секој тест, волонтерите носеле по 1 од 11 различни продукти, кои рангирале од стандардни инсектициди до природни масла и сонични одбиватели.

Резултатите биле… не толку добри. Цитронелата всушност привлекла повеќе комарци отколку кога волонтерот не носел нништо самиот. Од алките кои треба да ги одбиваат комарците, ниту една не била ефективна. Истото важело и за алката која содржи една хемиска компонента за која се знае дека им е одбивна на комарците, што ги навело истражувачите да теоретизираат дека концентрациите во алката се прениски за да има некаков ефект. А соничните одбиватели? Па, и претходни истражувања ја потврдиле нивната неефективност, а и во оваа студија резултатите не биле ништо поразлични. “Ние не познаваме научна студија која навистина покажала дека комарците можат да бидат одбиени преку звучни бранови, па затоа ги сметаме овие уреди како модерен еквивалент на ‘змиското масло’,”велат авторите.

 

Ок, тогаш што дејствува?

Не е се така лоша вест. Неколку продукти имаат вистински ефекти. Некои од овие не треба да не изненадат: стандардниот инсектицид познат како DEET успешно ги одбива овие мали никаквеци, а исто така и еден преносен “чадилник” кој испуштал хемиска компонента метофлутирин. Ако барате природно решение, маслото од спрејот со лимон и еукалиптус (хемиски познато како PMD) во концентрација од 30% било исто толку ефективно како и DEET. Овие пронајдоци се совпаѓаат со некои претходни податоци, и можат да бидат полезна информација за секој кој сака да избегне користење на синтетски инсектициди.

Потоа, само продолжете и уживајте во пикниците. И кажете им на комарците Хедониа ве прати.

Цитронела, Отровна салата од компир и други летни митови

 


Прочитајте повеќе за комарците

Комарците преферираат луѓе со Нулта крвна група

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *