Вести и Експерти

Комарците преферираат луѓе со Нулта крвна група

Комарците преферираат луѓе со Нулта крвна група

Која а вашата крвна група? Ако не знаете, ние познаваме едно друго мало суштество кое знае. Истражувачите на Иститутот за контола на Штетници во Чиба, Јапонија, откриле дека комарците – инсекти кои ви ја цицаат крвта и ви го уништуваат кампувањето – преферираат луѓе со нулта крвна група.

 

Што всушност се шушка?

Во судијата објавена во Journal of Medical Entomology во 2004 година, истражувачите ја тестирале крвта волонтери и нивниот “секреторен статус” – што значи дали тие секретирале хемикалија која сигнализира каков тип на крвна група носат, карактеристика која се појавува кај 85% од луѓето. Потоа, волонтерите ги поставиле рацете во аквариум полн со околу 35 комарци и го забележувале бројот на комарци кој слетал на секој од луѓето. Ако ви доаѓаат морници од овој експеримент, не се плашете. Според студијата, “Комарците слетувале на поставените раце и се обидувале да каснат, но не можеле да го направат тоа бидејќи претходно им бил ампутиран апаратот за боцкање.” Ако било кога постоело време кога треба да ги сожалуваме комарците, тогаш ова бил тој момент.

Резултатите? Комарците слетале на “секреторите” со нулта крвна група во 83 проценти од случаите, додека слетале на оние со крвна група А само 47% од времето. Ова сеуште било точно дури и кога претходно ги измиле рацете на испитаниците а потоа ја додале хемиската компонента од секретот. Но има една битна разлика: Иако волонтерите со нулта крвна група имале најмногу слетувања, разликата била статистички значајна само кога била споредена со крвна група А. Затоа, ако сте крвна група Б или АБ, не значи дека сте безбедни (но ако сте крвна група А, можете малку повеќе да се опуштите покрај комарците).

 

Едноставно сте неодоливи

Според списанието Smithsonian, крвната група не е единствениот фактор што е во игра, некои други елемнти исто така ги привлекуваат комарците. Луѓето кои издишуваат повеќе јаглерод диоксид од останатите луѓе,  при издишувањето, ги привлекуваат комарците повеќе. Ако вежбате повеќе, ќе имате повеќе млечна киселина во мускулите и повисока температура на телото, што исто така се две карактеристики кои ги привлекува комарците. Бактериите се исто така атрактивни, па затоа ќе бидете каснати на зглобовите на нозете кои ви се покриени со земјена прашина почесто отколку на свежо измиените дланки. Други работи кои ве прават попривлечни за комарците се пивото и ако сте трудни исто така – само не ги правете двете работи одеднаш.

 

Гледајте го ова поучно видео зошто комарците ги каснуваат некои луѓе повеќе од останатите.

И ова видео за тоа како точно функционира апаратот за боцкање кај комарците

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *