Здравје и Убавина

Дали сте подготвени да бидете мазни? – Ласерска депилација

Дали сте подготвени да бидете мазни? – Ласерска депилација

Ако мака мачите со отстранувањето на несаканите влакна, тогаш вие не сте сами. На многумина им е тешко да продолжат со овие неефективни третмани за отстранување на влакна кои исто така земаат доста време, а ги прават редовно скоро цел свој возрасен живот, со цел одржување на мазно и глатко тело. Но отстранувањето на влакната не мора да биде толкав предизвик. Ласерското отстранување е еден од најдобрите начини за трајно намалување на влакната. Како што расте бројот на луѓето кои ги откриваат бенефитите на оваа техника, ласерската депилација станува се по популарна.

Оваа техника може да ја користат сите. Некои тоа го прават од потреба, на пример жени со влакна на лицето или вратот, или пак мажи со густи влакна на грбот кои пробиваат и преку маицата или кошулата. Ја применуваат луѓе кои имаат проблем со “влакна кои растат навнатре”, кои всушност никогаш не пробиваат на површината на кожата, туку само “копаат” подлабоко во слоевите на кожата, при што предизвикуваат црвенило, непријатност и чешање а исто така и добра подлога за развој на кожни инфекции, а не помага ни тоа што едноставно не изгледа убаво.

Постои и онаа втора група на луѓе кои тоа го прават чисто од суета, за да изгледаат поубаво или тоа го прават чисто од комодитет – едноставно не сакаат да трошат повеќе време на бричење и депилација. И тоа е сосема во ред. За многу луѓе тоа е и поекономична опција, долготрајно гледано. Можете да заштедите доста пари на средствата за бричење, или пак на третманите за депилација. Да не забораваме дека заштедувате и на фактор време. Во било кое време можете да појдете на базен или да скокнете во вода, без претходно да се замарате и да се спремате специјално за тоа.

Еве неколку куси информации кои вреди да ги знаете пред почетокот на оваа процедура:

  • Ова не е магична метода. Еве како всушност функционира

  • Пиштолот со ладечки врв се става врз кожата. Потребно е да е ладен бидејќи во наредниот чекор испуштањето на ласерот предизвикува мало загревање на кожата.
  • Кожата се загрева под дејство на ласерот, и топлината е апсорбирана од темниот пигмент (меланин) во фоликулите на влакното
  • Топлината го оштетува влакното, со што го спречува понатамошното растење.

 

  • Држете се понастрана од сонцето пред да започнете со третманите.

Најмалку 4 недели пред третманот, држете се што повеќе време на затворено. Не би смееле да го правите овој третман, ако вашата кожа е веќе изгорена од сонцето. Токму заради оваа причина на повеќето им се препорачува ова да се прави во поладните периоди од годината, може и на есен или пролет, но зиме најдобро. Ова секако е добро да се прави пред почетокот на летото, бидејќи и самите третмани можат да траат подолго од 3 месеци.

  • Не ја депилирајте, туку избричете ја површината што сакате да ја третирате.

Ви советуваме НИКАКО да не доаѓате со полна “грмушка” влакна. Ова не е како на депилација со восок, каде треба да почекате најпрво да ви израснат малку влакната. Нема потреба од тоа.

Но кога сме веќе тука треба да знаете дека не можете да одите на ласерски третман ако баш неодамна сте биле на восочна депилација.

Запомнете: Ласерот го напаѓа пигментот на фоликулите на влакното. Ако вие веќе целосно сте го извадиле влакното со восочна депилација, тогаш третманот ќе нема на што да дејствува. За најдобри резулати, избричете се еден ден пред почетокот на третманот.

  • Ова исто значи дека треба да избегнувате и солариуми, како и спрееви и лосиони за самопотемнување на кожата.

Затемнетата кожа на природен или вештачки начин, сеедно, ќе придонесе третманот да има намален ефект, што значи дека ќе трае подолго, што значи ќе ве чини поскапо. Заштедете си и пари и време така што за некој извесен период ќе уживате и одмарате само во затворен простор.

  • Тестирајте се најпрво на само мал дел од вашата кожа.

Нажалост не сите типови на кожа реагираат еднакво на овие третмани. Направете си услуга и замолете го техничарот најпрво да направите само мал тест на помала површина. Понекогаш може да се појават промени во боите во пигментот на кожата, или пак лузни кај некои типови на кожа, токму затоа инсистрајте најпрво на мал тест.

 

  • Не очекувајте дека резултатите ќе бидат “мазно како свила” после првиот третман.

За тие што сте нестрпливи, тажни вести. Вашиот дерматолог веднаш ќе ви каже дека се потребни 5 до 6 сесии за да ги видите најдобрите резултати.

  • Времетраењето на еден третман може да биде од само 20 минути па дури и до 1 час.

Се зависи од површината која ја третирате. Пазувите и препоните знаат да бидат брзи третмани, но други делови од телото како грбот и нозете знаат и да потраат.

  • НИКАКО немојте да правите ласерски третман во близина на очите.

Можеби ласерите изгледаат убаво и невино во разни бои на светлоста, но тие можат да бидат сериозна опасност за очите без разлика на кој дел од телото го правите третманот. Секогаш треба да имате специјални очила за заштита, кои треба да бидат обезбедени од вашиот техничар.

 

  • Не можете едноставно да закажете третман за ласерско отстранување на влакна за цело тело.

Ако некој ви тврди дека тоа може да биде направено за целото тело во еден третман, тогаш бегајте и не се враќајте на тоа место. Постои само одредена количина на светлост од ласерот која Вашето тело може безбедно да ја поднесе за време од еден третман.

  • Ако сакате вистински резултати тогаш морате да бидете упорни.

Вашите фоликули растат секоја со свој различен циклус. За најдобрите резултати луѓето одат на третман секои 4 до 6 недели со цел да се максимизира бројот на фоликули кои ќе бидат третирани. Исто така овој подолг временски период овозможува веќе умртвените влакна да паднат сами.

  • Првите вистински резулати ќе ги видите по 3 месеци

По првите третмани, нема да забележите некоја разлика и ќе се прашувате дали сето ова навистина вреди. Но подраматични промени ќе се забележат по изминување на 3 месечниот период, а по тоа и уште повеќе.

  • Некои типови на кожа се потешки за третирање, но не и невозможни

Темните влакна се обично полесни за третирање, бидејќи ласерот го напаѓа пигментот во влакното. Токму затоа сивата, плавата или црвената коса се малку потешки за третирање, бидејќи содржат помалку пигмент од црната.

Потемните тонови на кожата исто така се потешки за третирање но не и невозможни. За оние кои се со таква кожа побарајте го специфичниот ласер наменет за вашиот тип на кожа.

  • Самиот третман не е баш релаксирачки.

Ќе бидеме искрени. Секој пат кога ласерот “пука”, ќе се чувствувате како некој да ве пецнал со растегнато ластиче врз кожата. Но на подолг план оваа краткотрајна болка се исплати.

  • Мачкајте се со крем за сонце по третманот.

Генерално кремот за заштита од сонце е секако добар за вас, но тука дефинитивно употребете го. Вашата кожа ќе биде поосетлива, дури и да не го чувствувате тоа, па потребно е да се заштитите колку што можете.

  • Не се чупајте или пак депилирајте со восок по третманот

Слободно можете да се бричите, но оставете ги лентите со восок или пак чупалката. Вадењето на влакната од фоликулите по третманот, само ќе го уназади процесот. Влакната кои се третирани треба да паднат сами по себе со цел постигнување на најдобри резултати.

  • Исто така избегнувајте парфеми, дезодоранси и туширање со жешка вода.

По првите 24 до 48 часа, обидете се воопшто да не се туширате, а по тоа во првата недела само со млака вода. По овој период безбедно е повторно да продолжите како вие милувате.

  • Дали всушност овој третман е безбеден?

Разговарајте со Вашиот дерматолог. Сигурно ќе ви порача дека овој третман ви обезбедува трајно отстранување на влакната на безбеден, брз и ефективен начин.

  • И најважното прашање… Дали сето ова всушност се исплати?

Илјадапати да!

Овој третман не може да ви гарантира 100%-но отстранување на несаканите влакна, но оние неколку влакна кои ќе останат се веќе неприметливи. По завршувањето на третманите, сигурно ќе забележите дека веќе со месеци нема да имате потреба од бричење. Овие третмани ви ја враќаат слободата на однапред загубеното време.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *