Диети и Фитнес

Лимон Диета За Ефикасно Слабеење

лимон диета

Најверојатно сте запознаени со детокс својствата на лимонот, кој ги прочистува токсините, и служи како диуретик за ослободување од вишокот вода во телото. Лимон диетата ќе ви помогне да изгубите 0д 5-10 килограми за две недели, ќе го прочисти организмот, и ќе ја разубави вашата кожа.

Името “Лимон Диета” можеби е погрешно, бидејќи не станува збор за класична диета каде го менувате начинот на исхрана, туку едноставно додавате сок од лимон пред доручекот.

Лимон диета – распоред

Секое утро, пред да појадувате, на гладен стомак испијте сок од лимон помешан со вода. Па така:

  • Ден 1: Сок од цеден лимон со 1 чаша вода
  • Ден 2: Сок од 2 цедени лимони со 2 чаши вода
  • Ден 3: Сок од 3 цедени лимони со 3 чаши вода
  • Ден 4: Сок од 4 цедени лимони со 4 чаши вода
  • Ден 5: Сок од 5 цедени лимони со 5 чаши вода
  • Ден 6: Сок од 6 цедени лимони со 6 чаши вода
  • Ден 7: Сок од 3 лимони помешан со 2.5 литри вода (додајте и лажица мед, а течноста конзумирајте ја низ текот на денот)
  • Ден 8: Сок од 6 лимони со 6 чаши вода
  • Ден 9: Сок од 5 лимони со 5 чаши вода
  • Ден 10: Сок од 4 лимони со 4 чаши вода
  • Ден 11: Сок од 3 лимони со 3 чаши вода
  • Ден 12: Сок од 2 лимони со 2 чаши вода
  • Ден 13: Сок од еден цеден лимон со една чаша вода
  • Ден 14: Сок од 3 лимони со 10 чаши вода (како и претходно, додајте една лажица мед, а течноста конзумирајте ја низ текот на денот)

limon dieta

Внимавајте, меѓутоа, да не пиете доколку организмот не поднесува толкаво количество на вода. Наместо во рок од еден час, во тој случај остатокот од течноста треба да се конзумира и подоцна.

Кај оние со гастроинтестинални проблеми, ова диета не се препорачува. За сите други, сепак останува потребата да се консултира доктор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *