Здраво Живеење

Луѓето се многу добри во разбирање кучешки

Луѓето се многу добри во разбирање кучешки

Кога Блеки ќе испуште некое грчење и ќе започне да ја гризе својата коска, дали тоа значи дека сака да си игра или пак е предупредување да се тргнете на страна? Веројатно можете да ја забележите разликата – по се изгледа, кучињата знаат доста ефективно да искомуницираат со луѓето. Истражувањата покажуваат дека луѓето (а особено жените) се способни точно да идентификуваат што сака да каже кучето во зависност од звуците што ги прави.

 

Вие ГО разбирате вашето куче

Лесно е да му зборувате на вашето куче, зар не? Имате чувство дека тие едноставно ве разбираат. Па, по се изгледа, дека донекаде и е така. Во една скорешна студија од Мај 2017 година, истражувачите од Eötvös Loránd универзитетот во Унгарија, сакале да видат колку добро луѓето го разбираат контекстот на кучешката комуникација. За да дознаат тие имале по 40 волонтери да слушаат звуци од 18 кучиња.

Како што известуваат од The Telegraph, учесниците ги слушале кучињата во 3 различни ситуации: кога ја бранеле својата храна, кога се соочиле со некој непознат, или кога си играле тегнење на некој предмет со сопствениците. Потоа тие биле запрашани да погодат во која ситуација било кучето и која емоција сакале да ја пренесат. И погодете што? Кога станува збор за разбирање кучешки, не сме баш лоши. Учесниците коректно ги идентификувале емоциите на кучињата, па дури ја именувале и ситуацијата во која се наоѓа кучето со точност од нас 63%. Интересно, кога станувало збор за точно именување на ситуацијата во која било кучето, жените биле подобри од мажите: тие точно ги поврзале звуците со соодветната ситуација во 65% од времето, додека мажите само 45% од времето. Сепак и искуството си има свое влијание: во просек, оние кои поседувале и самите куче имале резултати од 60% во споредба со 40% на оние кои немале куче.

 

Добро ‘ржење, лошо ’ржење?

Воопшто не е изненадувачки: луѓето подобро ги распознаваат игривите звуци, а помалку познати им се посериозните ‘ржења (како на пример кога кучето си ја брани чинијата со храна кога сретнува други кучиња). Ова има логика: нас ни се најпознати звуците со кучето додека си играме, а бидејќи ние не сме други кучиња, не можеме да ја распознаеме разликата помеѓу “тргни ми се од храната” и “бегај од мене куче!”. Но кога станува збор за секојдневниот “говор“ на кучињата, ние сме прилично добри во препознавање на што е што. Браво луѓе! Кој е толку добар како вас а? Кој? Кој?

 

Студиите велат – кучето знае што му зборувате!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *