Здраво Живеење

Неспиењето ви го уништува мозокот

Неспиењето ви го уништува мозокот

Дали спиевте добро вчера? Или пак се превртувавте цела вечер? Или пак можеби тоа што следниот ден сте на факултет пред испит или на работа ве држи будни? Или пак можеби сте ја имале најепската забава организирана од клубот на филателисти што било кога сте ја доживеале ? Што и да ве држело будни вчера вечерта, сигурно не му годи на вашиот мозок денес. Ако вашето тело не се наспие доволно тоа го претвора вашиот мозокот во зомби.

 

Преизморен мозок

Веќе знаете дека со спиењето мозокот ги брише некои непотребни работи, отсекувајќи некои непотребни мемории за да направи место за утрешните настани. Но изненадувачки, ако не добиете доволно спиење тоа пак не го спречува истот процес да се случи. Напротив откочени се сите кочници. Астроцитите во вашиот мозок се одговорни за оваа чистка, а тим од истражувачи од италијанскиот универзитет Marche Polytechnic уведеле дека на глувците на кои им недостига спиење, нивите астроцити работеле во полн капацитет.

На некои глувци им било дозволено ноќен сон од 8 часа, додека некои биле периодично прекинувани за да бидат спречени да задремат предлабоко. Некои пак биле одржувани будни цела вечер, а некои кутри глодарчиња биле присилени да останат будни во 5 последователни вечери. Колку што помалку спиеле глувците, толку поактивни биле нивните астроцити. Што е поважно, астроцитите во глувците што се наспале или биле само прекинувани престанале да го преработуваат мозочното “губре”, додека оние кои биле лишени од сон ги согориле дел од синапсите. Не е ни за чудо што возењето ненаспани е исто толку лошо како и да возите пијани.

 

Долготрајно оштетување

Лоша вест е кога ќе разберете дека Вашиот мозок всушност се јаде себе си. Тоа е еден вид на штета која може да биде многу полоша на долгорочен план. Оваа активност може да биде клучна за објаснување на некои болести како Алцхајмер, кои веќе се поврзани со високата активност на микроглијалните клетки – истиот вид на клетки како астроцитите. Всушност, недостатокот на сон е високо асоциран со болеста исто така. Ако ова не ви е доволно добро да започнете да практикувате добар ноќен сон, тогаш незнаеме што друго треба. Еве еден брз преглед за тоа како здравите навики за спиење можат да ви помогнат во несоницата:

  • Ограничете ги дремките на само 30 минути. Кој не сака дремки? Но тие сепак не го заменуваат ноќниот сон, па може дури и да ви смета попладневната дремка подоцна во ноќта. Затоа, нека биде кратка.
  • Повежбајте малку. Не сакате премногу да сте полни со енергија пред спиење. Па затоа некаде во текот на средината на денот пробајте малку да се испотите.
  • Уживајте во природната светлина. Изложувањето на сончевите зраци преку ден, и темнината преку ноќ го регулира вашиот внатрешни часовник во телото и го става точно по распоред за спиење.
  • Намалете на екраните. Оставете го телефонот, тргнете се од компјутерот, и оставете го телевизорот бар еден час пред спиењето. Може чуда да направи.

Зошто воопшто спиеме?

 


Прочитајте повеќе за дремката

Подобрете ја работната способност со дремка

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *