Добро Живеење

Невообичаена Барселона!!! – Нема да ви се верува дека постои ова! (Прв дел)

Невообичаена Барселона!!! – Нема да ви се верува дека постои ова! (Прв дел)

Ах Барселона. Град како од разгледница. Градот на Гауди! Сите сме слушнале или можеби веќе сме ги посетиле оние најславни атракции како црквата Саграда Фамилија, Паркот Гуел, Забавниот Парк Тибидабо, Каза Батило и многу други. Но сигурно не сте чуле за некои можеби помалку познати но сигурно многу забавни и поинакви знаменитости кои ги крие Барселона.

Погледнете подолу и вклучете бар некои од овие во Вашата наредна посета на овој преубав град!

Откако ќе прочитате продолжете и до вториот дел.

  1. Фонтаната со жива!

Преубава но токсична фонтана.

Години наназад долго време не се знаело за побогат извор на жива од рудниците на Алмаден, Шпанија, кои произведувале и до 250 000 тони жива годишно во текот на своето двомилениумско постоење.

Кога државата решила да изгради споменик за рудникот, го ангажирале американскиот скулптор Александар Калдер да ја изгради оваа прекрасна фонтана, која наместо вода ќе пумпа жива. Неговата фонтана била прикажана во 1937 на светскиот саем во Париз.

Во тоа време се разбира иако имале добри познавања за живата како метал, сеуште не ја познавале доволно добро нејзината токсичност. Денес оваа фонтана е сеуште достапна за туристите но само позади дебел слој на плексиглас со цел да ги заштити сите од отровните гасови кои испаруваат од неа.

 

  1. Паркот Лавиринт – Хорта

Овој полу таен лавиринт како од сказните е исто така и најстарата градина во Барселона

Овој архетипски лавиринт кој се наоѓа во центарот на паркот Parc del Laberint d’Horta е еден од тајните дијаманти на градот, кој ги воодушевува неговите посетители веќе со векови наназад, правејќи го всушност најстарата градина во градот.

Работата на паркот е започната уште во далечната 1791 од богатата Десвалс фамилија. Испирацијата за лавиринтот е превземена од италијанските тераси, во неокласичен стил кој денес е само мал дел од паркот. Остатокот од паркот бил дограден во средината на 1800тите, во романтичен стил.

Во 1960 г. сопственоста на градините била предадена на градот Барселона, па сега е јавен парк. Бидејќи е малку поодалечен од останатите знаменитости во Барселона, овој парк и понатаму останува едно мало тајно катче, за оние кои сакаат да се изгубат во неговата убавина.

 

  1. Гробиштата Монтжуик

Овие гробишта имаат модернистички статуи кои се исто толку чудни како и самото  име на гробиштата.

Отворени во 1883, ова се најголемите гробишта во барселона. Ставени се на врвот на Монтжуик, која е мала планина која виси над медитеранот. Тука се погребани многу од славните шпанци, револуционери и уметници. Самите гробишта се многу големи – потребни се 3 часа пешачење за да се заврши целата тура на гробиштата.

Ќе пројдете покрај многу убави модернистички гробови, опкружени со борови дрвја и поглед кон медитеранот. Искуството од овие гробишта сигурно ќе ви биде едно од најневообичаените работи во Барселона.

 

  1. Чоколадниот музеј на Барселона

Највкусните статуи кои некогаш сте ги виделе!

Пред 500тини години, чоколадото, во форма на зрна какао, првпат пристигна на брегот на Европа, преку пристаништата во Шпанија. Кортез и неговите конкистадори, го донесоа со нив, откако се разбира ги уништија империите на Маите и Ацтеките во централна Америка, кадешто какао зрната биле користени за правење на разни варијанти на чоколадо веќе 3000 години.

Иако историјата на овој музеј не е совршена, посетителите можат да видат како се развивала и еволуирала трговската патека на чоколадото и неговото развивање од некоја горчлива вода, до сега неверојатните статуи кои го исполнуваат музејот.

Секој од посетителите при влез добива своја штангла чоколадо за се разбира искуството да биде комплетно за сите ваши сетила. Помеѓу статуите можете да видите и некои модерни ликови како Мини Маус или пак Луис Армстронг. Сепак најголемиот број на дела се реплики од Шпанската архитектура.

Едноставно мора да го посетите!

 

  1. Бункерите на Кармел

Секој кој сака да добие птичја перспектива на Барселона, на Каталуња, треба да дојде на врвот на руините на Бункерите на Кармел


Изградени како против-воздушна заштита во 1938, за време на Шпанската Граѓанска Војна, овие бункери биле изградени на врвовите на ридот Turó de la Rovira за да можат да го надгледуваат целиот град. Биле опремени со јаки ѕидини од цемент и со големи 105мм топови.

По војната топовите се тргнати, а бункерите се оставени на забот на времето. Сепак погледот на градот кој е преубав, бил долго време е запоставен од страна на градот. По 2000тите, популарноста на ова место повторно полека расте, па добија и реновирање ос страна на градот за да ги направат попривлечни за туристите, како и да ги величат праисториските Ибериски населби кои се во непосредна близина. Сега има доста повеќе туристи, но местото е некако одтргнато од остатокот на градот, што сеуште дава чувство како да вие ова место првпат го откривате пред било кој друг.

 

  1. Еротски Музеј на Барселона

Невообичаена прошетка низ еротиката, покажува дека порнографијата е безвременска.

Ако жешкото каталонско сонце сеуште не ви ја качи доволно температурата а имате потреба малку да ви се забрза пулсот, тогаш она што ви треба е турата низ овој афродизијастичен музеј –  Museu de l’Eròtica de Barcelona.

Вообичаена дестинација за секс ентузијасти, љубители на музеи, и љубопитни двојки, музејот има скромна и мала,  но доста заинтригирачка колекција. Еротските артефакти и изуми кои се насобрани во оваа мала зграда, ви даваат по малку чувтство на неудобност, знаејќи дека сите се во сопственост на само еден колекционер.

Постојат примероци на еротика од целиот свет. Некои ќе речат колекцијата е премала, но сепак може да понуди фасцинантно искуство. Пронајдете го за вашата следна посета при Барселона.

 

 

Продолжете со овие невообичаени места и во вториот дел.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *