Добро Живеење

Невообичаена Барселона!!! – Нема да ви се верува дека постои ова! (Втор дел)

Невообичаена Барселона!!! – Нема да ви се верува дека постои ова! (Втор дел)

Продолжуваме со вториот дел од многуте невообичаени знаменитости на овој град.

Ако го пропушти првиот клик тука.

  • Забавaта Festa Major de Gràcia

Забавата која трае 1 недела, се претвора во натпревар за најдобро украсената улица.

 

Граѓаните на многу градови не сакаат кога се одржуваат улични фестивали. Овие забави обично бараат огромен труд за организација, а уште поголем за расчистување на ѓубрето по забавата, па сите само се обидуваат овие забави да не излетаат тотално вон контрола. Но во Барселона во август месец, населбата Gràcia експлодира во славје, и притоа го разубавува градот.

Иако се разбира прославата има елемнти на журкаџиска атмосфера, жителите на вообичаено тивката населба жестоко се натпреваруваат за најдобро украсената улица. Често употребувајќи рециклирани материјали, секој блок во населбата си одбира тема и се труди да секое ќоше од тесните улички биде покриено се некоја декорација. Декорациите обично се развлечени и помеѓу зградите, па создаваат “премини како низ тунели” со разнобојни и најчесто хартиени скулптури, и балкони украсени со се и сешто: од прскалки, до обрачи од кош или пак огромни ножици.

Забавите траат ден и ноќ, една цела недела, привремено претворајќи ги 20те улици на Gràcia во некои нови и невообичаени светови. Иако навечер доминираат журките залиени со алкохол, преку ден има многу активности за дечињата и целото семејство да уживаат во овој возбудлив уличен фестивал.

 

  • Барселонската дупка за напуштање на бебиња

 Оваа “дупка” анономно примала сираци, милостина или намирници.

Криејќи се несомнително во срцето на El Raval е мал дрвен кружен прозорец кој негогаш бил прикачен на “Куќата на Милоста”. Иако само изгледа како некој украс, ова всушност претствавува влез на кружна ротирачка подлога каде вие можете анонимно да оставите некои ваши несакани работи на црквата, вклучително и несакани деца.

Иако изградена во 16тиот век, оваа зграда постанала сиропиталиште во 19тиот век. Како и многу други сиропиталишта во тоа време, главната одлика за зградата е токму ваквиот дрвен прозорец, што овозможува да го ставите вашето бебе на едниот крај од подлогата, да ја свртите подлогата на другата страна и анонимно да го предадете во рацете на персоналот кој живеел во домот.

Во периодот додека била активна, низ оваа дупка, биле предадени 100тици бебиња. Други донации вклучувале пари и намирници, но најчесто биле оставани деца, од родители кои немале средства или едноставно не сакале да се грижат за своите деца. Денес оваа дупка е единствен остаток од тоа неславно време на Барселона.

 

  • Канализациите на Барселона

 Канализациите на Барселона од 19тиот век, чии основи биле поставени уште од средните векови, денес се отворени на јавноста за истажување.

 

Барселона е позната како родното место на Каталонскиот “Модернизам”, токму поради архитектонскиот стил развиен таму во преодниот период помеѓу 19тиот и 20тиот век. Но ако истражите подлабоко под улиците на градот ќе препознате и многу други архитектонски слоеви од неговата историја.

Овој канализационен систем на принцип на аквадукт е основан во Барсино – античко-римска колонија, поради тоа што кога врнело, целиот град бил поплавуван. Многу подоцна во средниот век, кога градот го добил името Барселона, средновековните архитекти ги изградиле канализациите, па водата течела и под La Rambla – најпознатата улица во градот.

Дури во 1886 г. биле создадени првите модерни канализациони системи во градот, некои кои и денес се надоврзуваат на овој стар систем. Најголемиот дел од стариот канализационен систем денес е сеуште затворен, но благодарејќи на борбеноста на група туристички водичи, денес дел од овие тунели се отворени за авантури.

Се организираат посети но само во мали групи (не повеќе од 10 луѓе). Предводени од сертифицирани водичи ќе слушнете за еволуцијата на водните тунели, техничните процеси при нивното планирање и градење, како и многу други интересни факти за градот.

 

  • Музејот на Хашиш и Марихуана

Палатата која денес е пренаменета во најголемиот музеј на светот посветен на канабисот.

 

Лоциран во срцето на стариот град на Барселона – Ciutat Vella – Готскиот Кварт има доста дворски згради, од антички до средновековни градби, до модерни маестрални дела. Помеѓу поновите е и Palau Mornau, грандиозна Ренесансно-Модернистичка градба која сега е дома на еден музеј – но не е тоа музеј на портрети, уметност, или Каталонска историја, туку на “трева”.

Palau Mornau била изградена од фамилијата Сантклимент уште во 16тиот век. Била во нивна сопственост уште два века, а купена била во 18тиот век од Џозеф Францеск Морнау, а подоцна на почетокот на 20тиот век, дошла во сопственост на Хоан Хадал де Вилардага, братот на тогашниот градоначалник на Барселона.

Нивиот сопственик комплетно ја реновирал палатата, во новиот модернистички стил, кој ги воодушевил сите во своето време, а денес сеуште претставува еден од најважните ахтитектонски потписи кои ги оставил овој град.

Во 2001 година, оваа зграда била повторно “пронајдена”, во многу лоша и скоро непоправлива состојба од Ben Dronkers, холанѓанец кој веќе го имал основано својот музеј посветен на марихуаната уште во 1985 година во Амстердам. Во потрага по нови простории со цел да го прошири својот музеј и надвор од Амстердам, ја купува зградата и започнува амбициозен 10 годишен проект за реновирање на Palau Mornau целосно во својот поранешен стил, на барање на државата поради статусот на национално обележје на оваа зграда. Конечно за првпат повторно отворена за јавноста, овој пат како седиште на Музејот за Марихуана, во 2012 година.

Музејот содржи преку 8000 артефакти поврзани со канабисот, неговото одгледување и употреба низ човековата историја: медицински шишенца, аптекарски алати, слики, цртежи, бонг-ови, скулптури, постери. Притоа прикажана е не само медицинската или рекреативната употреба, туку и индустриската, а притоа е прикажана и правната историја на канабисот. Сеедно дали сте љубител на канабисот или не, морате да го посетите овој музеј најпрво поради зградата но и за турата на музејот која може да биде многу информативна.

 

  • Суперкомпјутерскиот Центар на Барселона

Еден од најголемите суперкомпјутери во Европа е сместен во внатрешноста на стара црква.

 

Она што некогаш било свето место познато како Torre Girona сега е дом на Суперкомпјутескиот Центар на Барселона, исполнувајќи ја огромната централна хала со редици на футурискички компјутерска опрема заштитена под стакленик.

Уште во 2005 г. оваа поранешна црква стана дом на MareNostrum, еден од најмоќните суперкомпјутери во Европа кој е од централно значење за развивање на модерната микрочип технологија. Огромната машина се употребува за извршување на комлексни калкулации од областа на истражувањата за мапирање на човековиот геном, астрофизика и предвидување на климата. Самиот компјутер се состои од повеќе црни компјутерски колони, кои се заштитени во џиновска кутија од стакло, која пак е сместена во главната хала со романтичен архитектонски стил на црквата Торе Џирона.

Црквата која е реизградена во 19тиот век, е со седиште во кампусот на Политехничкиот Универзитет на Каталонија. Била користена како црква се до 1960, кога била оддуховена. Одтогаш служела за повеќе различни намени, за конечно да биде исполнета со овој суперкомпјутер и неговите истражувачи.

Инаку MareNostrum повеќе не е најмоќниот компјутер во светот, но сигурно ќе остане да биде еден од физички најпривлечните компјутери уште долго време.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *