Фитнес и Вежби

Не е само до вас – Пливањето навистина ве прави погладни отколку друг вид на вежби

Не е само до вас – Пливањето навистина ве прави погладни отколку друг вид на вежби

Сите сме слушнале дека не треба да пливате веднаш по јадењето (што патем, е тотален мит). Но дали некогаш сте се запрашале зошто се чувствувате по огладнети по пливањето, отколку споредено по трчањето или возењето велосипед? Вие не сте сами во ова прашање. И по се изгледа има точна научна причина за тоа –  а може да им биде од бенефит и на оние кои се редовни пливачи.

 

Ладното е еднакво на калории

Иако можеби само ви изгледа дека самото пливање ви согорува повеќе калории отколку другите вежби, што може да го објасни наглиот скок во апетитот, сепак не е таков случајот. Според Harvard Health Publications, ако пливате околу 1 час ќе согорите 800 калории. Но исто толку калории ќе согорите и ако трчате со темпо од 5,5 минути за еден километар, или пак возите велосипед со брзина од 24 километри на час, исто во времетраење од еден час. Тука исто ви се фаќа.

Но една студија од 2005 година спроведена од University of Florida обезбедува важни патокази за тоа зошто сте подготвени “да изедете коњ“  штом ќе излезете од базенот: луѓето изгледа трошат повеќе калории по вежбањето во ладна вода отколку во топла. Во студијата, студентите кои вежбале во ладна вода потрошиле 44% повеќе калории отколку оние кои вежбале во топла вода. Ова значи дека фактот што ви е поладно да пливате во баезн, отколку ва вежбате на отворено на ладен воздух е причинителот за зголемувањето на апетитот. Според ко-авторот на студијата Рудолф Х. Дресендорфер, ова можеби е поради тоа што кога чувствувате ладно ви се стегаат крвните садови, што може да го спречи ослободувањето на хормоните кои нормално би ве направиле помалку гладни – слично на тоа зошто животното јаде повеќе ако се подготвува за зимска хибернација.

 

Сребрена средина

Но не е дека само рекреативците огладнуваат – професионалните пливачи се претвораат во ѕверови по пливањето исто така. Всушност, студиите покажале дека колегите пливачи имаат повисоки нивоа на масно ткиво отколку нивните колеги тркачи. Ова изгледа чудно бидејќи знаеме дека пливачите помалку се грижат за својата исхрана отколку тркачите, но ова укажува на некој друг фактор во игра. Можеби маста во телото им дава предност на пливачите. Поголемата количина на маст создава помазни линии на телото, што создава помалку отпор во водата при пливање. Маста исто така е помалку густа отколку мускулното ткиво, што им обезбедува поголема пловливост на пливачите а со тоа и полесно пливање.

Но што е со нас другите? Не постои причина зошто би се држеле понастрана од базенот, дури и ако целта ви е да изгубите тежина. Аква аеробикот е особено ефективен за оние кои се со прекумерна тежина и се навикнати на лежечки живот, бидејќи овие вежби се понежни на зглобовите отколку трчањето на пример. Ако пак сакате да изгубите тежина преку вежбање, тогаш постојат неколку опции за да го изведете тоа правилно. Можете да пливате рекреативно и да скокнете на траката за трчање, велосипедот или на елиптичната справа за добра кардио вежба. Исто така можете да правите кратки и брзи прошетки по пливањето за да си ја подигнете телесната температура пред да грабнете некоја ужинка за по-вежбањето. Во секој случај, добра идеја е да јадете здрава храна со ниска калориска вредност. Само ве молиме немојте “да изедете коњ“.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *