Здраво Живеење

Избегнете зголемување на тежината преку чистење прашина

Избегнете зголемување на тежината преку чистење прашина

Секои два од три американци се сметаат со прекумерна тежина или гојазни, и иако понизок во западна европа степенот на раширеност на оваа модерна појава е алармантен. Сигурно и ние не заостануваме подалеку од овие статистики. Експертите за ова главно ги обвинуваат неправилната исхрана и недостатокот на физичка активност. Но едно ново истажување од Duke универзитетот во САД, укажува на уште еден потенцијален фактор, особено за децата: домашната прашина. Изгледа време е да ја извадите правосмукалката.

 

Опасна прашина

Специфично, истражувачите увиделе дека прашината содржи цела низа на компоненти –  меѓу кои и природни загадувачи кои се таканарекуваат “нарушувачи на ендокриниот систем” (скратено НЕС). НЕС, како што си кажува името, го нарушуваат ендокриниот, односно хормонскиот систем – ситем кој е одговорен за орджување и регулирање на многу телесни процеси: од репродукција до имунитет па и до невролошките функции. Некои студии сугерираат, сепак, дека дневното изложување на НЕС во раниот живот може да предизвика зголемување на тежината подоцна во животот.

За студијата која е објавена во Environmental Science & Technology магазинот, истражувачите собрале примероци прашина од 11 домови во Северна Каролина во САД, и ги тестирале екстрактите од примероците врз еден вид на клетки од глушец кои се прекурсори на масните клетки, кои вообичаено и се користат за тестирање на ефектите на разни компоненти врз продукцијата на масти. Екстрактите од 7 од 11те примероци ги направиле клетките прекурсори целосно да прераснат во масни клетки и да почнат да акумулираат триглицериди, најчестиот вид на масти во телото. Дури и полошо, екстрактите од 9 примероци ги направиле клетките да почнат да се делат, создавајќи “залиха”, за да може повеќе клетки да се претворат во уште повеќе масни клетки.

Се на се, тие тестирале 44 хемиски компоненти кои се наоѓаат во секојдневната прашина. Најлошите од нив? Пестицидот pyraclostrobin, изолаторот од пожари TBPDP, и пластификантот DBP. Овие три го даваат најдраматичниот ефект врз продукцијата на мастите, а изложувањето на комбинација од нив го прави тоа уште полошо. Американската агенција за заштита на животната средина, EPA, отценува дека децата конзумираат околу 50 милиграми на прашина секој ден, а студијата увидела дека и само 3 микрограми се доволни за да има забележителен ефект.

 

Што може да направите?

Како тогаш може да се заштитите себе си? Можеби звучи очигледно, но тоа е одржувањето на чист дом. Еден од авторите на студијата Хедер Стејплтон изјавила дека бришењето и поминувањето со џогер е поефективно отколку само сувото пребришување бидејќи тоа само може да ја разбутка прашината отколку навистина да ја тргне од вашата секојдневна средина. “Исто така препорачуваме редовно миење на рацете, особено пред јадење, за дополнително да се осигурате за што помал внес на овие хемикалии.”

На долгорочен план, сепак, ќе биде потребно да се натераат произведувачите на овие компоненти да ги отстранат од нивните производи за навистина да се забележи некоја разлика. Моментално и во ЕУ и во САД се превземаат мерки за да се идентификуваат овие хемикалии и да се образоваат потрошувачите – самите активно да се борат против дозволувањето на овие компоненти, но и преку нивниот изборот на производи во продавниците. Тоа е најдобриот начин што мометално може да помогне во оваа ситуација.

 

Погледнете едно кратко видео за НЕС – нарушувачите на ендокриниот систем

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *