Добро Живеење

Би јаделе ли сладолед направен од остатоци од храна?

Би јаделе ли сладолед направен од остатоци од храна?

Дали би сакале една голема топка од сладолед со вкус на зачинет рум и со сируп од сладок јаболков путер? А што ако овие вкусови се “од втора рака“? Еден мал ланец на производител на сладолед во Портленд, Орегон, САД наречен Salt & Straw вклучува “преработени“ вкусови во нивното сезонско мени за Лето 2017. Зошто? Бидејќи светот залудно троши милиони тони храна секоја година… а јаболката со модрици сепак не се лоши.

 

Сладоледот за одржливоста

Чоколадо-ванила-јагода корнет од Salt & Straw

Како остатоците од храна стануваат вака сладок десерт? Па, најпрво, така наречениот “отпад“ е сеуште добар. На пример, зачините кои се употребуваат за да создадат алкохол со вкус се дури и подобри кога ќе се употребат и по втор пат, па затоа описот на вкусот е “Второстепен зачин на Рум и Јаболков путер“, а доѓаат од една дестилерија во Портланд наречена Eastside Distilling.

Според Fast Company “Salt & Straw ќе ги ре-употреби зачините накиснати во рум – во сладолед, а потоа ќе го додаде сирупот од карамелизиран јаболков путер направен од помодрени јаболка кои всушност биле на пат кон отпадот“ Гледате – сепак не е страшно! Друг вкус кој е исто така “спасен“ е и “Малт од дестилетијата Spent Brewer и Зашеќерен Маршмелоу со Сланина“ направено со зрната и малтот од производителот на алкохол Breakside Brewing и со сланината од локалната одржлива фарма на Naked Acres.

Не се работи само за необични вкусови, вели основачот на Salt & Straw, Ким Малек. Како што таа вели, таа е вклучена во ова “за да го избрише гладот“. Додека нивото мени за сладолед можеби ќе спаси само околу 900 килограми храна, нејзиниот тим се надева дека тоа ќе создаде свесност кај локалните организации за да ја спасат и редистрибуираат храната во заедници кои имаат потреба од неа. Тајлер Малек нагласува дека не треба да се заборави дека и во овој бизнис исто така може да се направат пари. Тој на пример, ќе ги плати фармерите со фер цена за презреаните јагоди кои секако ќе биле фрлени. Зошто? Овој ланец за сладоледи секако би ги замрзнал. Ова е ситуација во кој секој победува.

 

Заканата за отпадот од храната која бдее над нас

Покрај проблемите како пластика во водата и загадувањето на воздухот, залудното трошење на храната – нешто што по дефиниција е само по себе биоразградливо, можеби ви изгледа како мал проблем. Но всушност е огромен проблем. Една студија од 2016 во магазинот Environmental Science & Technology увидела дека ние всушност произведуваме многу повеќе храна отколку што е потребно за да го нахраниме светот. Проблемот е што голем дел од тој вишок едноставно пропаѓа во отпад. Тоа е лоша вест не само за луѓето на коишто им е потребна таа храна, туку и за нашата планета, бидејќи вишокот на прозведената храна создава повеќе гасови кои пак допринесуваат за ефектот на стаклена градина.

Ако мислите дека тоа е преголем проблем за еден мал ланец на сладолед да направи разлика, тогаш размислете уште еднаш. Емили Броад Леиб, директорка на Клиниката на Харвард за Закони и Политики за Храна, изјавува “Едно од најдобрите нешта што би можеле да ги направиме е да ја зголемиме свесноста на потрошувачите да донесат подобар избор и да прават помал отпад од храна во домаќинството, но и да имаме ланци за дистрибуција на храната кои подобро ќе се приспособуваат на моменталните залихи и ќе ја носат храната побрзо и поефикасно пред да се расипе.“ Затоа ве молиме подобро купете две топки. И со сладолед можете да допринесете кон спасување на планетата.

 

Ресторанот во Британија кој работи со нула отпад

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *