Диети и Фитнес

Зошто трчањето всушност можеби е добро за вашите колена

Зошто трчањето всушност можеби е добро за вашите колена

Ако трчате редовно сигурно сте го слушнале до сега ова, а ако не сте тркач тогаш сигурно го имате кажано на некој кој трча: трчањето е лошо за колената. Но не брзајте: се повеќе истражувања сугерираат дека трчањето не само што може да биде добро за здравјето на колената, туку може и да го подобри.

 

Митот кој се покорува на науката

Покрај тоа што ова можеби е изненадувачки факт за повеќето луѓе, ова не е ништо ново за научниците. Уште во далечните 1980ти, студиите покажале дека трчањето сепак не е асоцирано со појавата на артритис во коленото, ниту пак со други видови на дегенеративни заболувања на зглобовите. Сепак, истражувачите не биле 100% сигурни дека е сепак така. Можеби во игра биле и некои други фактори: тркачите вообичаено имаат помала телесна маса на пример, за која се знае дека го намалува ризикот од појава на проблеми со колената. Но истражувачите се сомневале дека има и нешто друго што игра улога при трчањето.

Во една студија објавена во 2016 во European Journal of Applied Physiology истражувачите натерале и машка и женска група на тркачи да трчаат на лента по 30 минути или да се одморат и да седат мирно во времетраење исто од 30 минути. Секој учесник следниот ден ја правел обратната активност. Пред и по секоја сесија, истражувачите земале крв од раката и од синовијалната течност од коленото – течноста која ги подмачкува зглобовите. Потоа ја анализирале за голем број на елементи, вклучително и бројот на клетки кои се асоцирани со воспалението на коленото и супстанца наречена COMP (cartilage oligomeric matrix protein), која често се употребува како маркер за следење на артритисот. Резултатите биле баш драматични: по трчањето во колената на тркачите имало помал број на клетки асоцирани со воспаление. Додатно на тоа COMP нивоата во нивните колена опаднале, додека во крвта се покачиле, бидејќи трчањето им помогнало на колената да се ослободат од некое количество на оваа супстанца асоцирана со артритисот и да ја “истурат“ во крвта. По седењето пак, бројот на инфламаторни клетки и нивоата на COMP во колената се качил. Според изјавата на авторот на студијата Роберт Хилдал, заклучува дека умереното трчање “веројатно нема да им наштети на здравите колена и поверојатно е дека ќе обезбеди поголема нивна заштита.“

 

Тогаш зошто ме болат колената?

Вообичаено е за тркачите, особено новите, да искусат болка во колената. Но таа болка ретко се случува да е поради повреда на зглобовите, и често има лесни решенија за неа. На пример, една студија врз жени со синдром на патело-феморална болка, познат како “тркачко колено“ – покажала дека 8-неделен програм за зајакнување кој се фокусирал на половината, јадрото и страничните мускули во нозете, може да ја намали болката и да ја зголеми способноста за трчање. Покрај мускулната слабост, други фактори кои се кријат зад болката во колената се и старите дотраени чевли, или трчање на преголема километража премногу рано во програмот. Се разбира, ако имате постојана болка, која не заминува, најдобриот совет е да појдете на доктор. Но сепак на крај, не дозволувајте стравот за оштетување на колената, да ве спречи да започнете со трчање. Всушност ете, може и да ви помогне да ги одржите колената здрави.

 

Видео: Дали трчањето навистина е лошо за вашите колена?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *