Вести и Експерти

Ставете го овој мал уред на грбот за да престанете да се искривувате

Ставете го овој мал уред на грбот за да престанете да се искривувате

Какво ви е држењето на телото моментално? Се обложуваме дека во моментот кога го видовте насловот на оваа статија веднаш го подисправивте грбот. Можеме да се обложиме исто така дека не ќе можете да останете во таа положба до крајот на оваа статија. Повеќето од нас знаат дека треба да седиме исправено, но тоа може да биде изморувачки, а и тешко се запомнува. Но со the Upright (Исправеното!), мала уред кој може да ве тренира да седите исправено, ќе добиете голема помош.

 

Важноста на правилното држење на телото

Исправеното седење е важно не само за да изгледате посамоуверено. Лошото држење на телото може да доведе до разни проблеми, од помала дневна енергија до трајни проблеми со грбот. Студија од 2006 година увидела дека луѓето кои седат во “подвиткана позиција“ – односно наведнати нанапред – искусиле многу повеќе грбна болка отколку другите учесници. Ефектите на лошото држење на грбот исто така можат да влијаат на останатите делови од телото, предизвикувајќи болки и во грбот но и во вратот, мускулна слабост, ограничување во дишењето, артритис во зглобовите на пршлените, дигестивни проблеми и промени во расположението.

 

Како функционира оваа направија

The Upright е бело силиконско стапче кое е долго околу 11 сантиметри а во себе има акцелерометар и сензор кој го мери напрегањето. Го залепувате во горниот или долниот дел на грбот, го поврзувате со апликација на телефонот, а потоа го калибрирате во позицијата во која имате идеално држење на телото. Откако ќе се калибрира, уредот ги комбинира податоците од акцелерометарот со сензорот за мерење на напорот за да ги идентификува моментите кога сте згрбавени, и вибрира за да ве потсети дека треба да седите исправено.

Ова можеби звучи како да е нешто што ќе почне да ви смета ако го носите по цел ден, но еве ја добрата вест: не ни морате. Компанијата тврди дека доволно е да го носите и во минимумот од само 15 минути на ден за да ги тренирате грбните мускули за подобро држење, а апликацијата ви создава тренинг програм и распоред кој постепено го зголемува времето на носење секојдневно по 5 минути, се до максимумот од 1 час на ден. Но на пазарот постојат и други уреди кои се направени да не потсетуваат да се држиме исправено, па зошто оваа е толку посебна??? Според New Atlas уникатната предност на овој уред е што тој е “многу потенок, што дозволува 30грамскиот уред да може удобно да го носите под облеката.“

 

Важноста на доброто држење

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *