Семејство и Бременост

Зеленчук за двајца: Трудните жени можат да бидат без месо а сепак здрави

Зеленчук за двајца: Трудните жени можат да бидат без месо а сепак здрави

И покрај тоа што вашата баба (или пак соседот бодибилдер) можеби ви кажувал, вегетаријанската или веганската диета може да биде исто толку нутриционистички балансирана како и омниворниот (сештојадниот) начин на исхрана. Сепак, дури и помеѓу долготрајните поборници за само растително базирана исхрана, постои двоумење околу целосното елиминирање на месните производи барем за време на бременоста, поради загриженост за здравјето на детето. Сега, истражувањата сугерираат дека за повеќето здрави бремени жени, овој сомнеж е неоснован.

 

Балансирањето на бременоста

За време на бременоста, телото на жената минува низ голем број на физички и хормонални промени. Овие промени пак, влијаат на нејзините нутриционистички потреби, односно сега треба “да јаде за двајца”. Жената ќе јаде повеќе калории и ќе искуси поголема потреба за витамини и нутритиенти како калциум, фолна киселина и железо.

Ако не ги задоволи тие потреби, таа ризикува по нејзиното здравје од аспект на недостаток на витамини и развивање на гестационен дијабетес и анемија. Згора на се, слабата исхрана може да доведе до прерано породување, мала маса на бебето при пораѓање, и зголемен потенцијал за вродени маани како и здравствени проблеми како развивање дијабетес подоцна во животот.

Иако овие ризици и потреби им се веќе добро познати на мајките, како да тие бидат задоволени е сеуште предмет на дебата. А многу бремени жени развиваат и невообичаени стрвности за храна (кисели краставички и сладолед на пример?). Во западните земји, вегетаријанската и веганската исхрана секогаш се ставаат под знак прашање за тоа дали можат да ги задоволат потребните количини на витамин Б12, железо и други витални нутритиенти за бременоста. Сепак еден преглед од 22 студии за веганска и вегетаријанска бременост објавен во 2015 година во BJOG, ги смирува некои од овие стравови. Прегледот заклучува дека здравите бремени жени кои ги редуцирале или целосно елиминирале животинските продукти немале воопшто зголемен ризик за поголеми здравствени проблеми отколку споредено со нивните колешки кои биле и на млечна и на месна исхрана.

 

Дознајте го потеклото

Според извештајот од BJOG, се додека се задоволени нутриционистичките потреби, не е важно дали тие потекнуваат од животни или растенија. Храната како тофу, или нутриционистичкиот квасец можат да ги обезбедат есенцијалните Б витамини за вегетаријанците или веганите. Спанаќот, кељот и леќата можат да го обезбедат железото. А додатоци како фолна киселина и витамин Д можат подобро да го поддржат здравјето за време на бременоста. Ако апсорпцијата на железото е проблемот, омекнувањето со киснење на гравот и несомелените житарки пред јадење може да помогне, а има и додатен бонус од покусо време за готвење.

Авторите нагласуват сепак дека овие студии биле изведени само врз “здрави“ жени, а дека сепак е потребно повеќе истражување за да се процени дали вегетаријанската и веганската исхрана се соодветни за бремените жени со претходно постоечки заболувања. Се додека немаме повеќе информации за тоа, било која бремена жена која е загрижена треба да се консултира со докторот за да се одреди најдобриот режим на исхрана и за нејзиното тело и за нејзиното бебе.

 

5 митови за бременоста кои е потврдено дека се грешни

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *