Исхрана и Телесна Тежина

Еве еден кул трик: Пиењето жешки пијалоци всушност може да ве олади

Еве еден кул трик: Пиењето жешки пијалоци всушност може да ве олади

Ах… не постои ништо како желбата за еден жежок чај после долгото трчање на претопол летен ден… Молам??? Верувале или не, една студија од 2012 увидела дека (под правилните услови) жежок пијалок по вежбањето може всушност да ве олади повеќе отколку ладниот.

 

Не го истурајте дур не пробате

Звучи како нешто сосема нелогично нели? Како е возможно локањето на топол чај по трчањето да ве олади? Ветуваме, има научни докази.

Др. Оли Џеј од универзитетот во Сиднеј ја објаснува ефективноста на пиењето и топли и ладни пијалоци кога станува за намалување на количината на топлина складирана во телото… Најпрво волонтерите биле замолени да возат велосипеди за време од 75 минути на температура од 24 целзиусови степени и 23% релативна влажност. Тие пиеле вода со различни температури, на скала од 1,5 степен па до 50 степени.

Резулатите? Се објаснува: “По внесот на топлиот пијалок, целокупната складирана телесна топлина била пониска отколку кога по вежбањето се пиело ладен пијалок.“ Тоа има врска со потта и како температурата на пијалокот влијае на неа. Потта (или поточно, испарувањето на потта) е клучно во постигнувањето на хомеостазата по вежбањето. А кога пиете жежок пијалок, вашето тело го зголемува производството на пот. Можеби си мислите дека тоа не е доволно за да го избалансира жешкиот пијалок, но количината на произведена пот всушност е предоволна и за да ја покрие и внатрешно емитираната топлина.

 

Но важна е влажноста на воздухот

Сепак има тука и мала финта – студијата била изведена под услови каде потта на волонтерите може да испарува комплетно. Ако пробате да пиете жежок пијалок каде има слабо проветрување и висока влажност, резулататите најверојатно ќе бидам многу поразлични (т.е. ладните пијалоци тука сигурно ќе победат) Дали воопшто некогаш сте посегнале по топол чај по вежбањето?

 

Видео: Да жежок пијалок може да ве излади!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *