Психологија

40% од вашиот живот е на автопилот

40% од вашиот живот е на автопилот

Во филмот Groundhog Day, главниот лик го доживува еден ден од неговиот живот повторно и повторно и повторно. Ако понекогаш и вие се чувствувате така, постои причина за тоа: една студија од 2014 година открива дека 40% од нашите дневни активности се само навика. Но ако скоро половина од нашите животи се базирани на навика, тогаш што го прави тоа толку тешко за да започнеме некоја нова навика? Се зависи од тоа колку ќе го вклучите умот наместено на “автопилот” или ќе го вклучите со некоја специфична намера.

 

Исто како да возите велосипед

Ајде да започнеме од основите. Како всушност се формираат навиките? Според Society for Personality and Social Psychology “навиките се појавуваат преку асоцијативно учење.” Кога учите нешто што е процедурално, како возење на велосипед на пример, тоа ја активира вашата работна меморија во соодветните базални ганглии во мозокот. Со цел да се активира овој дел од мозокот потребно е повторување на активноста. Онаму каде што настапувате со намера, се грижите за целта и резултатот на вашата постапка, но додека сте во навика, вие едноставно терате на некои повторливи стимули.

Студијата од 2014 година го употребила овој експеримент за да го илустрира концептот: учесниците пробувале свежи и бајати пуканки и (како што било очекувано), го преферирале вкусот на свежите пуканки. Но кога на учесниците им било понудено пуканки во кино салата, луѓето кои имале навика редовно да јадат пуканки додека се на кино, изеле еднаква количина на пуканки без разлика дали тие биле свежи или бајати.

 

Го тргнуваме старото, го ставаме новото

Иако може да сакате да направите нешто со намера, многу лесно може да бидете оттргнати од тоа благодарение на вашите длабоко вкоренети навики. Ако се обидувате да изгубите тежина, стандардните интервенции како програмите за губење на тежината ќе го направат вашиот свесен ум мотивиран, но нема тоа да го нахрани центарот за навики во вашиот ум. За да го постигнете тоа, потребно е да направите 3 работи, вели ко-авторот на студијата Венди Вуд во јавното известување. Најпрво, вие морате да “ги оттргнете постојните навики и создадете можности за да реагирате со нова намера.” Ако сакате да изгубите тежина на пример, започнете најпрво со ослободување од стимулите за нездравите навики, на пример, испразнете ги вашите полици од сите нездрави оброци и ставете свежо овошје каде лесно можете да го забележите. Полека полека, бебешки чекори.

Следниот чекор е повторување. Можно е да е потребно од 15 до 254 дена за да се формира нова навика, па затоа започнете што порано. Потоа, важно е да создадете нови, стабилни стимули за тоа, а некои од старите навики може да ви помогнат во тоа. Еве на пример: пијте ја дневната доза на лекови веднаш по миењето на забите. Миењето на забите треба веќе да ви е добро установена навика, па затоа новата навика за земање на лековите може да се надоврзе на оваа стара навика. Студијата увидела дека е поефективно да формирате целосно нови навики, отколку да ги модифицирате старите. Со среќа!

Дали сме робови на навиките?

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *